Драга,
Некогаш сум стварно за жалење, или за смеење, кој како ќе си сфати.
Прееска решив да слезам пред зграда на 5 минути, колку да се излуфтирам малце и да ме фати воздух. Малиов ко што си беше занесен во пратење на резултати, на фб и слично, не ни примети дека уствари тропам, ставам чизми и излегувам. Се симнувам јас долу, си седнав на бетонот и тоа, само си седев.
Инаку, смртно сум уплашена од мачки. Ѓубрето во континјер го фрлам од 2-3 метра растојание, континјерите обично ги заобиколувам и уопште нејќам мачки во моја близина.
Таман да станам да си се качам горе, баш пред вратата од влез се појави мачка, која во полутемнината, беше фатила или глушец, или нешто слично, кое испушташе некои језиви звуци. Тоа за мене е рамно на хорор филм. Рипнав ко ненормална и се тргнав понатака малце, уплашена нема до каде.

Што е најтрагично, од тој агол не можев да видам дали мачката ја сменила локацијата на нејзината вечера и никако не можев да се натерам да си влезам во зграда.

Инаку, дека требаше одма да се вратам, ни телефон со мене, ни ништо немав. И си решив да си чекам додека на малиот не му текне дека уствари ме нема, па да почне да ме бара.

И си почекав едно 10 минути надвор, додека овој не се симна.

Кутро дете, секакви мисли му се превртеле во глава. Најтрагичното е што го проверил и шкафот, зашо мислел дека го зафркавам и му се кријам во шкаф. Мислам, дете ли сум, бог да чува.
