Драга,
Смрт ми е кога треба дома да си одам. Не што ќе сум дома, таман работа, ами патот ме нервира. Ау, просто изненадена и вчудоневидена сум од пола цена за студенти, секој четврток и секој трет викенд гратис да се кљацкаш во воз. Фала ви, мамето ваше, ви текна конечно да се фрли некој гратис и за тие под 70. Тенкју идиоти едни.
Друг факт општо што ме нервира више низ овие 4 години мрцвалење нагоре-надолу е фактот што велешани имаат 3968598650978659879687 возови до дома, а упорно некако им одговара тој што оди до мојата дома. Еден зафаќа за 10 души, кои иако нема да стигнат до 5 секунди пред да тргне возот, треба да ги чекаш, а за тебе нема место. Ми е гајле дали рмбале цел ден, дали секој ден по саат се гњават до работа, нивен избор, не мој, али нејќам да стигам бар 40 минути предвреме за да си фатам место секој ебан пат кога ќе ми текне да си одам. Кога скопјаниве нареден пат ќе прокенкаат за тоа дека некој им фаќа работни места, хахаха, you know who to blame.
Многу мрчат за една кофа вода за ова предизвикот како и да се викаше. Мене па ме нервира тоа што мочкото Роналдо зема толкава плата. Ме нервира и што некоја си Лима зима енормни пари за да биде исушена. Да не спомнувам фаци кои радо би ги збришала од земјава, пример подуената од секој аспект, Кардашијан. За што па таа зима толкави пари? Шоубизнисот, модата, ми се повраќа од парите кои се вртат таму, а реално, никој скоро не прави ништо асално.