Веќе три дена по ред лежам во кревет, откако ми извадија вода од коленото.Прав затвореник, со таа разлика што знам дека за неколку дена ќе спадне отокот и ќе можам да се потпирам на темелите кој ја држат во стабилност оваа комплицирана и нејасна човечка структура за некој лаик како мене, кога станува збор за медицината.Дур лежев овие денови, се двоумев дали да ти пишам тука со оглед на тоа дека имам намера да се држам колку што е можно подалеку од виртуелниов свет, но досадата ме натера и морам да ти кажам дека за овие неколку дена лежење почнав и да размислувам за оние кои навистина имаат големи проблеми со одењето, т.е. за оние кои се „ограничени“ во одењето.Почнав да ги разбирам како им е, иако пак не целосно, со оглед на тоа дека однапред знам дека за неколку дена ќе почнам повторно да одам, можеби ова што ќе го напишам ќе звучи себично и крајно бесчувствително за човековите чувства и уши, но подобро ќе биде ако никогаш не дознаам во врска со тоа, така да нека ми простат тие кои имаат проблеми со одењето ако ова наликува на тоа што го напишав претходно.Но, што е со нас, здравите луѓе, дали ние можеме некогаш да ги разбереме овие луѓе.Секогаш се потсетувам на она што го забележувам најчесто кај луѓето, а тоа е дека ние велиме дека наоѓаме „разбирање“ за овие луѓе, но тоа не е така, зошто честопати ни се случувало на сите кога ќе забележиме некој таков, да го заборавиме истиот за некои си два дена да речеме, добро, ај да не бидеме ептен злобни, нека бидат два и пол дена и некоја секунда.Не се ни обидуваме да се ставиме барем малку во нивна кожа; дали и воопшто сериозно ги мислиме нашите сочувства спрема овие луѓе?Некогаш ми е навистина срам што сум човечко суштество, згора па најмногу ми паѓа на нерви една мисла на некои амеби кога ќе ја прочитам, а тоа е дека ете, „на крајот останува само пустината“, која и те како е на еден начин поврзана со ова што го напишав претходно, ама во следна прилика, доста е за денес.............