Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
пред 2 недели на меил му ја пратив почнатата дипломска на менторот да види дали е океј... и замисли го немаше да врати до вчера си помислив го оставив без текст човеков, а нему да не можело да му се отвори word- от :noze:
 
Веќе три дена по ред лежам во кревет, откако ми извадија вода од коленото.Прав затвореник, со таа разлика што знам дека за неколку дена ќе спадне отокот и ќе можам да се потпирам на темелите кој ја држат во стабилност оваа комплицирана и нејасна човечка структура за некој лаик како мене, кога станува збор за медицината.Дур лежев овие денови, се двоумев дали да ти пишам тука со оглед на тоа дека имам намера да се држам колку што е можно подалеку од виртуелниов свет, но досадата ме натера и морам да ти кажам дека за овие неколку дена лежење почнав и да размислувам за оние кои навистина имаат големи проблеми со одењето, т.е. за оние кои се „ограничени“ во одењето.Почнав да ги разбирам како им е, иако пак не целосно, со оглед на тоа дека однапред знам дека за неколку дена ќе почнам повторно да одам, можеби ова што ќе го напишам ќе звучи себично и крајно бесчувствително за човековите чувства и уши, но подобро ќе биде ако никогаш не дознаам во врска со тоа, така да нека ми простат тие кои имаат проблеми со одењето ако ова наликува на тоа што го напишав претходно.Но, што е со нас, здравите луѓе, дали ние можеме некогаш да ги разбереме овие луѓе.Секогаш се потсетувам на она што го забележувам најчесто кај луѓето, а тоа е дека ние велиме дека наоѓаме „разбирање“ за овие луѓе, но тоа не е така, зошто честопати ни се случувало на сите кога ќе забележиме некој таков, да го заборавиме истиот за некои си два дена да речеме, добро, ај да не бидеме ептен злобни, нека бидат два и пол дена и некоја секунда.Не се ни обидуваме да се ставиме барем малку во нивна кожа; дали и воопшто сериозно ги мислиме нашите сочувства спрема овие луѓе?Некогаш ми е навистина срам што сум човечко суштество, згора па најмногу ми паѓа на нерви една мисла на некои амеби кога ќе ја прочитам, а тоа е дека ете, „на крајот останува само пустината“, која и те како е на еден начин поврзана со ова што го напишав претходно, ама во следна прилика, доста е за денес.............
 
@Коловрт

И јас да си ја одбележам темата да ми стига известување и да се пофалам дека од пред два дена сум на годишен одмор, малце здосадува дома но одмор никогаш не може да биде вишок.

Го обожавам времето годинава, блага зима, супер врнежлива пролет, сеуште непрежешко лето, нека тера така до крај, свежо лето, врнежлива есен и пак блага зима.
 
Последно уредено:
Колку треба да си дебилен за на слика кај што се гледа само фацата, да пишеш коментар "mnogu si zgodna". :tapp: И покрај тоа што имам 300 фб другарчиња, од кои добар дел се на hide/unfollow, пак се наоѓа некој ваков. They are everywhere. :facepalm:

Куферот и пасошот се спремни. Време е за заслужен одмор. Колку е заслужен ваљда кажуваат положените испити. :P
Arrividerci! :)

4052067e0244a93e98bf7ddf9316d0e8.jpg
 
Амори. Сеа и тука треба да оставам траг, а?

Епа имаш го. Иначе ќе те носам у Дамаск па после одеме у Астана и на крај враќаме се дома и правеме LotR маратон. На крај ти частеш сладолед.
 
Идеал Шипка, име ко за стриптиз бар o_O
 
Утре е Св.Недела,која ретко паѓа во недела.
Ве поканувам на викенд и прослава на празникот во Катлановска бања (преку мостот) во црквата Св. Недела.
 
Го гледав новиот Спајдермен, кога во собата ми се убаци 9-годишната братучедка (живее во САД) и пази сцена..

Она - Бато, do u have a girlfriend?
Јас - Да!
Она - Who is she?
Јас - Ема Вотсон!
Она - But .. U're not Spiderman.
:pos::pos::pos::pos: #WIN #ProudCousin #ItRunsInTheFamily #Vrngl
 
Бејби,
Колку и да пробувам да не мислам на минатото, стално нешто се случува да ме врати назад и да ме потсети. И иако тоа што се случувало во минатото не е баш убаво, тоа што се случува сега е одлично. Пред некое време ти реков една бивша другарка ми пиша. Само да ме поздравела. Мило ми е што не сакаме да се исколеме кога ќе се видиме :D Никогаш не сум сакала да рушам мостови со никого, и ете, иако тогаш го срушив, останало доволно да се премине. Денес некој друг ми пиша, исто од минатото, дури подалечно од другаркава. Мило ми е што сега се` е ок, и уште еден мост е опоравен. :X3:
Кармата е на добар пат да ме убеди дека сепак постои, иако можеби и` требаат години да делува.
Си ја направив ташната иначе :pipi: Најубава ми е. Еве една слика, ако сакаш повеќе, ќе ставам во Кајгана Креатива :P
IMG_4685.JPG
Ќебенцето убаво испаѓа. Некои 30% е готово. Раце ќе ми паднат, ама не е битно. Се` за љубов :X3:
Гледам нешто сите на одмор идат деновиве, и повеќето се тагнуваат у Грција. Ваљда помина периодот кога идење во Грција значеше предавство, па ајде сега сите таму. Или можеби сите и иделе таму цело време, само сега слободно може да си се чекираат. Убаво.
 
Драга, ќе го употребам никот на еден твој член, за да ти кажам колку всушност е јака Розга. Значи Јелена Розга е @Бомбастичен Дрогираш.

Најгрдо пиво ми е даб, ама ајде разбери се со Пеџа да те видам. Баш се фати за даб вечерва :D

И инаку @Red John = Gareth Southgate, кој сфати, сфати.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom