Драга Кајгана,
Луѓето што ги прават заебанциите за тоа дека на Бобан Рајович му испаднала косата се делат на неколку категории, али секој од нив си има едно психичко пореметување. А еве ги истите:
1) Површни ликови, кои судат само по надворешниот изглед, а не ја согледуваат длабочината во текстовите на овој генијалец.
2) Луѓе без музички вкус, кои ги слушаат дрогирашите Архангел и Мизар, а до нив не допира убавината на ритмиката и мелодијата на турбо фолкот.
3) Луѓе кои не веруваат дека некој може да бише толку шармантен и шмекер и без коса, па од завист јадат трици.
Дали се пронајде во категорииве? Ако да, срам да ти е, ти си бездушен лик кои не знае да сочуствува со маката на другиот.
ПС. Кога бев помал, имав мачка. Беше многу паметна, не бербатеше по дома. Еден ден заспа на тркалото од колата под калникот. Не ја видов, влегов во колата, ја спуштив рачната и ја пуштив колата во лер назад. Мачката загина со страшна смрт.

И ден денес не можам да се опоравам од настанот, што можеби е причина зошто не го сакам Бобан Рајович.