Драга,
штедам со месеци до Дојран да отидам . А на ФБ гледам многу слики од Хрватски, Грчки, Италии, Шпании за граѓани на толку сиромашна земја . Сега некој може ќе каже да отидеш на годишен одмор не е никаков луксуз и веројатно во право е .
Годишниот одмор не е луксуз, ама за утепана земја во која што народот има се помалце да јаде станува луксуз, а се повеќе по социјалните мрежи од нашите граѓани се шеруваат слики од одмори на море .
Или ние сите колективно живееме на кредит кој го исплаќаме така што преку цела зима дома јадеме леб и сол, ама важно сме отишле на ол инклузив одмор, сме се искурчиле и сите не виделе . Или живееме во колективно лицемерие за кое кукаме дека немаме а всушност сите имаме, ама продолжуваме да кукаме за да не го изгубиме .
Навистина друга логика јас ненаоѓам, на крај оној потачот Валво ќе испадне дека е во право кога вели дека вреден народ на црно во плик зема големи пари и ја тера политиката на ќути си дупи си .
Убава вечер драга