Драга,
Скапирав дека многу ме смируваат фенот и правосмукалката. Кога работат. Бучавата ме смирува, боже мој, кај да одам да се испитам више.
Денес најдобро нешто што ми се деси е тоа што утепав комарец со лажичката од сладолед. Си јадев што јадев тоа сладоледот и ми застана ѓубрево на лакт. Не одеше да ја оставам лажицата, па да се мрднам и да ми избега, па затоа го мавнав со лажицата. Јас се мавнав по лакт, али битно тоа цркна. Не јадев повеќе од сладоледот, колку за инфо.
Исто почнав да учам за последниот предмет од факултетов. Се терав недела дена да седнам, али не одеше. Бидна некако, па сега мрднав од мртва точка. Ја догледав вчера ГоТ, добро беше финалето, во 2015 повеќе.
И многу ме замара комшијава. Значи јас кутра, на жешково од над 30 степени, се потам и читам некои срања овде, кои ич не ми се интересни, а ако за еден предмет не успеам да го положам, иако е тежок, во Вардар ќе се фрлам, а типчево веќе три саати по ред, значи по рееееед, ја врти
песнава. Да му се плукнам јас нему во таа што го заебала, очито тоа била Марија. Мислам дека и лани летото пак оваа му беше на репертоар многу често, којзнае што му се дешава.
Мене пак ми се слуша нешто слично на
ова, па ќе видиме кој ќе биде подосаден сега.
