Бејби,
Не ми се верува дека уште постојат луѓе што мислат дека СИТЕ кучиња се опасни и не треба да се чуваат дома, односно треба да бидат врзани на синџир во двор. Веројатно што подебел ланец, тоа подобро

И кога ќе помислиш дека успиваат перфектно одлично кучиња, а вакви луѓе живеат, едноставно сфаќаш дека животот не е фер. И се двоумам дали сеуште стојам позади тоа дека секој човечки живот е еднаков

И воопшто не дојдов тука да ти го кажам тоа, ама ете, неможев да ќутам. Тоа што дојдов да го кажам е....
Диви јаколка, диви боровници, диви капини



Кент гет инаф

Наредниве 2 дена ќе бидат пекол. Треба да го возам истиот пат 2 пати во денот, 2 дена по ред. А патот е полн со кривини и ми требаат некои 40 мин да го понимам. Со среќа нека ми е.
Вчера најдовме ретривер на сред улица, баш на тој пат. А врнеше Душичка, само што отворивме врата, скокна во кола и не мрдна. Бааги беше стара и веројатно беше уморна. После некои 5/6 саати сфатив дека има број на околувратникот

Незнам како не го видов порано. Ама темна боја околувратник и напишано со црн маркер, и плус јас поспана. И така после 6 саати, го вративме кучето на сопственикот. Милото тоа се исплашило од грмотевица и почнало да трча и ние веројатно сме го собрале пред да го стигнат. Ама на тој пат возат секакви лудаци, како да го оставиш. Битно не требаше да помине цела вечер во шинтерница
