Еве гледам актуелно е некое видео во кое најпознатиот модерен плејбој Дан Билзериан шутира некоја девојка у глава затоа што му била грда.
И коментарите за тоа (не само македонски него и по англиските страни) се, прв:
- Види го овој дебил човече, има пари и си игра курот со кого сака.
Што е комплетно точно и со што се согласувам, дебилно е тоа шо го прави, искурназен од парите.
втор најдоминантен коментар:
- Еее и овој им е пример на машките! По него се палат. Машки засрамете се што овој ви е идол.
Чекајте малку другари!
Како тоа машките да се засрамат? Уствари ај, океј, нека се засрамат ако овој им е идол. Али ја сум убеден дека бар половина од машката популација нема никакво идопоколство кон постапките на дотичниов. Единственото за што му љубомориме се парите, колите и огромниот број на жени кои ги има до него. И ај ок, да се засрамиме за тоа ако не.
Но, што е со другото гледиште, она од наша страна? Како само машките на кој овој им е идол треба да се засрамат? Не ли треба најпрво да се засрамат жените што трчаат по него? Па да не беа тие, овој немаше да има никаква популарност. Да не беше нивната лековерност и курвалак, за што мажи би сакале да бидат ко овој?
Пази машките требало да се засрамат, а овој сврте преку 10.000 жени на неговите забави за нецели 15 месеци. Па тие десет илјади жени мене и не ми изгледаат како мал репрезентативен примерок за тоа што поголемиот дел од популацијата која припаѓа на понежниот пол. Значи у ред е што они се дупат со него за пари, тоа не ја покажува општата женска слабост а тоа шо на некои мажи им бил идол ја покажува машката дебилност?
Па со која логика бе? Да не се лепат тие жени и не се курваат, нема за што некој маж да би му завидувал или да го идолизирал. Ме разбираш шо сакам да ти кажам нели?
А и мојата претпоставка и искуство велат дека бар 2/3 од женски кои го пишуваат вторион горенаведен коментар би се пукнале без размислување за овој и плејбои слични ко него. Али ај сеа да се правиме поштени на интернет. Чест на исклучоци секако, да не претерам со генерализирање.