Драга Кајгана,
Колку е убаво човек да си ја украси целата куќа однадвор за Нова Година. Колку би било убаво онака кога би поминувале покрај улица да ги разгледуваме сите куќи како се украсени.
Колку би било убаво сите да одиме да ја прославиме Нова Година онака безгрижно, среќно, во пријатна атмосфера како да си дома.
Колку би било убаво сите да имаат богата трпеза за Нова Година.
Колку би било убаво целиот град да блеска со сјалички, насмевки на лицето на луѓето, поклони за сите деца.
Но незнам што се случи низ годиниве Драга Кајгана, едноставно сето тоа што го имаше некогаш се изгуби. Луѓето прекинаа да ја китат елката за Нова Година, а не па целата куќа. Не сите ја пославуваме Нова Година, но ние што ја прославуваме, тоа не го правиме како порано. Ја дочекуваме Нова Година без предновогодишна возбуда, а ја прославуваме ради реда, но не со исполнето срце. Порано за празниците сите се собиравме на маса да јадеме, а сега тоа едвај се случува. Сега сите имаат работа, сите имаат мака, сите релаксираноста ја заменија со кавга и напнатост. Порано сите деца добиваа пакетчиња, со играчки, различни чоколади, а сега, а сега се повеќе деца се задоволуваат со една чашка алкохол или едноставно питаат по улиците.
Зошто Кајгано, зошто дојде до ова
