Драга Кајгана,
Готово е со Карен... денес ја отпуштија од Дизни, а најверојатно ќе ја отпуштат и од Имиџ. Не идеше во последно време, ама некако туркавме ради реда. Пред 2 дена ме виде со една од принцезите и ми се закани дека ќе не повреди и мене и неа (иако немам ништо со неа, само работиме заедно). Ја пријавив во хјуман рисорсис по што тие ја пријавија во секјурити и денес таа го напушти бродот.
Најтешко од се ме паѓа кога ќе ми текне низ што се поминавме и убаво и лошо заедно изминативе година и пол. Некои луѓе ни за 5 години брак не можат да поминат толку многу работи.
За нешто помалку од 2 месеца се враќам назад во МК.