Бејби,
Соу фар, соу гуд

Се изнавидов со голем број луѓе, али имам уште

Само паника ме фаќа дека нема се видам со сите или дека нема да завршам се`. Ете за пасошот се откажав. Ако не, ќе го вадам таму, ионака Вашингтон не го разгледав доволно

Само на факс да не ме влечат за нос и се` најубаво ќе биде.
Си се вратив на старото агресивно возење без манири, зашто само така ќе стигнеш негде во проклетово Скопје!
Другаркава чекам да се породи! И само се надевам дека нема некој многу да заебам кога ќе му/и` речам „Извини неможам денес, идам за Битола ОДМА

“
Хормониве ми работат, и плотат против мене. Ич не ги сакам такви.

После живеење без моите веќе 2 ипол години, искрено никогаш не би се вратила да живеам дома. Не дека замараат, баш и не замара мајка ми колку што очекував, ама чудно ми е. И сега кога ги гледам другаркиве како уште си живеат дома, чудно ми е. Не дека е лошо, ние така сме си научени и да се вратев, веројатно и јас уште ќе бев дома... Ама, неможам да опишам, едноставно, различно е

Али морам да речам дека мајка ми беше во право. Една недела ми летна. И еве го гледам крајот на наредните 2 кај и да е. Ама тоа е.