Драга Кајгана, еве и јас да ти напишам нешто...
Немам меланом!
Кајги, знаеш ли ти дека психа ме удри последната недела, прочитав 100-тина мислења на твои членови, листав низ други форуми, уште толку статии најдов на интернет..
Имам бемки, една голема на грбот и една помала на десната дојка. Ова малата не ми е страшна, но големата ми смета при туширање, обекување, вежбање, буквално во се (ја пазам како зениците во очите), пред некое време забележав промени и пусти страв, одма помислив на најлошото.
Собрав храброст и денес отидов на кожен лекар, тропам на вратата и влегувам во ординацијата, пред мене имаше 2 пациенти, и ме прашува докторот "Шо треба ќере" - (на струмички), и јас му велам - Сакам преглед, имам бемки. Сите присутни почнаа "нежно" да се смеат, и одма на тема дојде, смртта на едно девојче во Струмица од меланом пред некои си 2-3 недели.. Докторот вели "Абе шо биде сите уплах добијаа од бемки".
Влегов во собата за преглед, и од страв почнав да се соблекувам со градите (со прслук де :p ) свртена накај прозорецот

Ги виде бемките и вели нема место за паника, тие се НЕВУСИ. Камен од срце ми падна Кајги!
И јас пак упорна, сигурно ли? А зошто е таква променета?... Сепак сакав да ми ја сликат на дерматоскоп, но бидејќи немам матичен, а требаше упат, па си викам ај друг ден ќе го средам ова, сега за сега ќе сум мирна.
И на крај, како заклучок од овој пост, сакам да им дадам совет на сите членови на форумот кои ќе го прочитат мислењето (и ако поседуваат бемки) да си прават месечен самопреглед и барем 1 годишно на кожен лекар, бидејќи меланомот е тивок убиец и кај него нема никакви симптоми на чешење, болка или слично, туку само менува боја и корените на бемките продираат длабоко во кожата, и најчесто, од кога ќе се забележи друг симптом е прекасно за терапија, повеќето случаи завршуваат фатално.
П.С. Се извинувам за предолгиот пост.