Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Draga

Treba da se oducam od brzoto vozenje, najubavo mi e koga si picam 80-90 I si slusam muzika ama pust adrenalin nekogas ke te izlaze da ja stisnes gasta do dole. Postot neka mi sluzi kako reminder da ne vozam brzo :)
 
Тоа е тоа. Во животот нешто ќе добиеш, нешто ќе изгубиш.
На пример, денес (фала Богу!!!!!!!!) добив интернет и телевизија, ама затоа ги изгубив нервите, сосема неповрзано.
Ајде, ајде, it's just a bad day, not a bad life. Сега кога ќе зарокам некои позитивни песни, морам да се вратам во нормала.
Мора нешто да се менува. Мора. Постот на @Isak Keyten убаво си кажа се...
 
Сите ги знам какви беа пред да заминат во странство или да се вработат во државна админитрација. Дојдоа до некој денар во новчаник и се осеќаат како познати фаци низ тајм сквер. :icon_lol:
 
Последно уредено:
Од прозор гледам една глупача од баба како го мава 10тина пати внучето во фаца без некоја причина посебна како што гледам . Народ минува ама никој ништо да и каже . Се мислам да одам да и учукам една ( не мора десет пати ) ...
 
драга моја

ноу комент...
9emyhu5a.jpg

bymygepa.jpg



и ја сакам со коњче во шопинг...
 
Последно уредено:
Чиниш и воздухот попримил од шо е толку застапена и проширена на секое поле пустата хипокризија. Чиниш дури дишиш преку нос нешто ти ги затнува и греби отворите, чиниш кога дишиш на уста горчи на јазик, создава груткаст створ кој го отежнува слободниот спуст на плунката во грлото...........
 
Македончето е научено да живее на висока нога... првиот денар што ке го добие од родителите го троши за џиџи миџи работи а на крајот плаче дека нема што да јаде.. е така е денес драга кајгано. Не знаат да го ценат денарот кој е заработен од страна на нивните родители...
Троши ги парите на алкохол и цигари, и на секое излегување оставај по 1000 денари секако дека на крајот ке јадеш мувлосан леб и компир...Тогаш, е тогаш нема да бидеш за жалење бидејки сам правиш да бидеш до тоа дереџе...

И така, поминува уште еден мрачен ден, а за мене доста интересен затоа што слушнав многу добри работи...
 
Додека чекам да ми пише, неколку души дипломираат на ФОН.
неделава ме пратија на одмор, кога тоа денеска ме зае*аа. Колегата имал роденден, и ми ја заеба работата за собиранка во Битола.
Неделава е тмурна, баш како моето расположение. Само нема снег :(
Се анвлеков на ова серииве, Family Guy да било интересна. Ги изедов сите резерви на сончоглед. Барем се изнагледав филмови додека сум на одмор.

И да, чичко Алберт е во право
1959445_749102731801039_2100857599_n.jpg
 
Драга Кајгана, еве и јас да ти напишам нешто...
Немам меланом!
Кајги, знаеш ли ти дека психа ме удри последната недела, прочитав 100-тина мислења на твои членови, листав низ други форуми, уште толку статии најдов на интернет..
Имам бемки, една голема на грбот и една помала на десната дојка. Ова малата не ми е страшна, но големата ми смета при туширање, обекување, вежбање, буквално во се (ја пазам како зениците во очите), пред некое време забележав промени и пусти страв, одма помислив на најлошото.
Собрав храброст и денес отидов на кожен лекар, тропам на вратата и влегувам во ординацијата, пред мене имаше 2 пациенти, и ме прашува докторот "Шо треба ќере" - (на струмички), и јас му велам - Сакам преглед, имам бемки. Сите присутни почнаа "нежно" да се смеат, и одма на тема дојде, смртта на едно девојче во Струмица од меланом пред некои си 2-3 недели.. Докторот вели "Абе шо биде сите уплах добијаа од бемки".
Влегов во собата за преглед, и од страв почнав да се соблекувам со градите (со прслук де :p ) свртена накај прозорецот :D
Ги виде бемките и вели нема место за паника, тие се НЕВУСИ. Камен од срце ми падна Кајги!
И јас пак упорна, сигурно ли? А зошто е таква променета?... Сепак сакав да ми ја сликат на дерматоскоп, но бидејќи немам матичен, а требаше упат, па си викам ај друг ден ќе го средам ова, сега за сега ќе сум мирна.

И на крај, како заклучок од овој пост, сакам да им дадам совет на сите членови на форумот кои ќе го прочитат мислењето (и ако поседуваат бемки) да си прават месечен самопреглед и барем 1 годишно на кожен лекар, бидејќи меланомот е тивок убиец и кај него нема никакви симптоми на чешење, болка или слично, туку само менува боја и корените на бемките продираат длабоко во кожата, и најчесто, од кога ќе се забележи друг симптом е прекасно за терапија, повеќето случаи завршуваат фатално.



П.С. Се извинувам за предолгиот пост.
 
Драга

Јадам си ја така ресанки и зјапам у овоа мониторо, онака ноншалантно една по една и сеа бркам у тоа кутиичката, нема шо да фанам веќе.. На празно, нема веќе, аш.. :(

Иначе денеска сум добар да не речам добродушен.
 
ДК
отупавешки....:facepalm:
што стана со младината ( во МК) ? никаква иницијатива за ништо, едноставно готовани .....не ја бидува ма, не.... а тоа е навистина голем проблем со кој некои треба здраво да се позанимаваат , а велат светот на младите останува (има ли сврха ова да се говори за денешниве млади луѓе?
не за друго, ај што седат и безделничат и климчат по кафичи - барем можат да се изорганизираат и да бидат од некаква општа корист
како може денес еден млад човек да се поттикне??????!!! со што???!!!
ДК, ак го знаеш одговорот- те молам КАЖИ ИМ ГО
а јас само ко пример ќе им го дадам ова http://www.kulturosupa.gr/index.php/thessaloniki/xorio-sintaxouxon-2786/#.UzHmS87mBGQ и ги молам најискрено да го прочитаат (нема да им одземе многу од нивното „бесценето„ време)
 
Драга,
Careful what you wish for изгледа ситуацијава. Вчера реков дај боже да згрешиле за временската прогноза. И стварно згрешиле. Не врнеше дожд. ОЛУЈА ИМА И СНЕГ ПАЃА :eek: Небово на некои тешки дроги е изгледа!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom