Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Отворив сезона за трчање, денес втор ден трчав. Малку умрев, ама добро е како за почеток. Запалив само две цигари. Ова е добро не ме тера, немам нагон, сега па и гадни ми се.
Морам да продолжам со трчањево зошто стресот ме убива, седењето на стол на работи ми прави болка во кичма, а имам уште 39 години до пензија.
Падна договор, во септември одам на Outlook. Ќе шизам во Пула на плажа на зајдисонце. :vozbud:
И уште ова пред да затвори Acid. Весникот е топ, дечките/девојките се одлични. Форумов е култно интернет катче.
 
Кајг, ај заеби то од вчера, да пробам да сум малку посериозен. Не баш мамурен пост пошо сум само омалаксан иако се локаше до 6 сабајле. Онака има луѓе без кои мислиш дека не можеш да се навикнеш. Не е точно, али ипак понекогаш е подобар животот со нив покрај тебе, макар привремено и не толку често. Сфаќаш, може те направиле полош или подобар, забавно било. Конкретно за сега пишувам овдека за многу малку луѓе, едниот е колега, т.е. бивши колега од факс. Типот е, не знам, стереотип. Цвикера со дно од кокакола шишиња диоптер, кратка коса, некој прави класични пантолони најчесто кафеави, зелен џемпер и кошула од долу. Кој став го има, моеш комотно 50 да му дадеш. Откачена фаца, ако некој успее да го скопча тој човек ја сеа се сечам на пола. Ипак е забавен и секогаш ги организираше најдобрите журки шо сум бил тука.
Има и други, луѓето оставиле трага кај тебе, некои скроз си заминале некои останале. Фалат понекогаш глупирањата, макар и безвезе муабет по телефон. Ти фали едноставно гласот од некого, не дека има нешто паметно да ти каже или не дека сакаш да ги слушнеш. Онака, муабет. Ама може и без нив нели? Технички може без сите, зависи колку пати некој ти закачил нешто во грбот па дури и одвратни ти стануваат.
А ја па се сметав за злопамтило... не бе, никогаш и доброто не го заборавам.
Друго, вчера се рашетав многу убаво, за разлика од одамна што навика ми е да дремам во соба, евентуално до факс или некаде на работа. Денес одам до тераса и нешто многу чудно смрди надвор, иако мислев дека чадот од цигари во собата ми е неподнослив... напротив, надвор полошо беше.
Ионака уште една досадна недела, чекам некој да се појави, конкретно некоја :love: ама... ќе видиме :) И крај краева, недела е ден за да не правиш ништо, ама баш ништо, излежавај се пушти музика, кафе, толку, баш ништо.
 
Последните моменти на форумот пред апокалипсата која можеби ќе трае цел ден-два-три. :place:
 
Врага..........

Колку испукан текст :pos: Ти ја препорачувам оваа типка од ју туб,се некои вакви изретардирани песни прави :icon_lol:
 
Ја исполнив последната желба на еден човек, се чувствувам гордо. :rolleyes:
 
Крајно време е да почнам со надградбата на мојата личност, како на физичко така и на интелектуално ниво.Повеќе спортување,повеќе учење и повеќе книги читање.Таков е планот белким ќе успеам да го реализирам :unsure:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom