Промени во 100 чекори гледам ти направиле и тебе кајги

не дека ми се допаѓа ова сега али не се прашувам јас
Туку ме фаќа смеа кога читам луѓе кои мислат дека се генијалци и најпаметни, кога употребуваат физички, математички термини, истовремено се и политичари, економисти, гејмери, програмери, борци за човекови права, фитнес инструктори, лингвисти, доктори, психолози и тн и тн со цел да се претстават попаметни пред околината, да направат поинтересни колумни, текстови, постови, да соберат лајкови

, а незнаат основни работи за истото тоа што го спомнуваат

, се повеќе и повеќе ги има ваквите, секој втор текст, секој втор пост е слична приказна, сите се како и да го викаат тој самопрогласениот писател Лешоски кој гледам повеќе е читан од Достоевски, се повеќе вакви следбеници има, се повеќе генијалци и натпревари кој појак текст да изваде со прочитани едвај 2-3 книги и уште неколку статии на интернет за било која тематика.
Луѓе како Тесла, Ариабхата, Дарвин, Архимед, Леонардо да Винчи,Бантинг, Бест, Њутн, Oјлер и компанија можат да се подзамислат дури ако ги читаат нашиве генијалци со нивните теории

Ме мачи драга што незнаев навреме дека ако студираш на втор факултет паралелно, вториот ти е бесплатен, незнам дали може да го изведам тоа додека сум на постдипломскиве да изучам уште еден набрзина, а од овие некои самопрогласени може и 2 ако не ме бараат на предавања

Кога слушнам дека постоеле смерови на факултетиве за секакви глупости и кога видам факултети на кои имаат по 20 страни материјал за учење, полагаат со семинарски и есеи ми доаѓа да си ја запалам дипломата, уствари будали сме ние што сме имале по 1500 страни материјал по предмет, по 2 збирки од по 300 страни задачи за ист предмет и колоквиуми и испити долги по 6 саати на кои неможеш да стигнеш да ја дорешиш 1 задача и тоа да си подготвен максимално. Отсек за правата на жената

и уште еден куп други такви на кои може да си го ладиш додека студираш и да земеш диплома во рака, да аплицираш за во некоја администрација и да си ВОЛ, но и на таквите има некои кои неможат да завршат и заглавуваат

еее за убо нека е али нека се зема чат пат во предвид кога се распределуваат платите и работните места што си завршил и каде си завршил.