Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Dear friend

Болката е чудо природе. Туѓата среќа ма колку и да е далечна, не` тера да правиме сосема неразумни чекори. Секој оној кој вика дека е контрадикторно тоа што се случува кај друг, го прави 10 пати повеќе, не сфаќајќи дека си ги фрла сопствените камења по глава. А руља секогаш ќе има што посматра отстрана. Но колку таа руља ја знае реалната слика е друго прашање.
Реално, лајкот одамна го изгуби својата примарна цел на допаѓање (се повтарам ко една квалитетна форумџика на времето). Тогаш зошто го споменуваме често? Како порано што значело „патиш од ниска самодоверба“ така денес комотно може да се каже дека твојата бројка на лајкови е минорна.
Зборам со иронија за контрадикторноста, постанувајќи и јас како дел од машинеријата. Но едноставно, понекогаш е посилно од мене. Болката кај некои, како што кажав прави да посегнуваме по сосема погрешни чекори.
Love always
Saladin
 
Ја немаш доживеано МАГИЈАТА! МАГИЈА ?!
Те крева, сега си на 150 метри надморска височина, 250, 1500, 10 000, више си во облаците, 20 000, почна да идеш накај вселената, снемуваш воздух, почнуваш да плачеш, паничиш, незнаеш што ти се случува, бессознание, БУМММММММММММММММММММ, се расипа магијата, слободно паѓања, 9,81 метар/ секунда на квадрат, прерачунај колку ќе бидеш забрзан кога ќе стигнеш на земјата, ако бубрегот на Младенов од 600 грама при брзина од 200 км/час тежел 7кг? Замислете тело од 80кг колку ќе тежи при брзина од 10 000км/час, колку комета. Паѓаш, се утепуваш и магијата буквално прави ефект Хирошима и Нагасаки. Радијацијата останува со години, сите околу тебе ти се криви, ја шириш насекаде, крив ти е и воздухот што го дишеш. Треба многу години за да се обнови земјиштето, магијата ја нема, само радијацијата, ова е butterfly ефектот на магијата. Завршува со зборот ЖИВОТ....!

Ова беше одговорот што го дадов кога ми рече ја немаш доживеано никогаш магијата :)
 
Драга к

И дур другите пишуваат пред легнување, ја ти пишувам од на работа :(
9 часот недела сабајле...мислам дека ќе се заклучам во веце да си дремнам малку, нема ваљда од веце да ме вадат!
 

Само што е недела и друга утакмица, али ју гет д пикчр!


П.С. Жал ми е за коцка... 24/7 работи! :)
 
Кајг.
неееееееможам да ги сфатам младиве , немало работа ни во државен ни во приватен сектор, а ако најдат било што спремни се да работат за мизерни 200-300 евра месечно :eek:
седат и молат како да се вработат било каде , а пази молим те здрави, прави, арслани ама па ќе кажам недоквакани- Наместо да ја здувнат некаде тие ко со папочната врвца да се врзани со МК, ќе седат за инает, ако треба и ќе мизеруваат ама нема да отидат надвор од неа
Смешно, ама они се надеваат на подобро утре:pos: , се надеваат на мама и тато, се надеваат на наследство од баба ....ама никако неможат да се потпрат на сопственото ЈАС, својот ум и своите десет прсти
мммоооооооооореееееееееее патриотишча :pos:

ова е за leandra-http://www.youtube.com/watch?v=T4jzDVqwZxY која е реткост, поготово за женско да се реши на таков чекор
девојката има муда - за разлика од многуте машки форумџии кои немате ни П во гаќите- не па нешто повеќе
 
Денес со еден пријател правевме муабет за бесплатниот превоз во недела за пензионерите и ми вика: абе остај стари луѓе се малку им останало од животот треба убаво да го живеат.
Да се видат со пријателите на кеј, да седнат на некоја клупа во парк, да ги видат убавините на центар. Па иде запознавање на нови пријатели, кажување на рецепти, животни приказни....
Јас сум и за се да им е бесплатно. :tapp:
Ова е исто како на село собирање на чешмата, а кај нас собирање кај Веро :pos:
 
Бидејќи ќе има надградба следните ден, два, три, сакав да пишам дека заминав следниве ден, два, три. Кога ќе се вратам тутунот насаден да ви е :icon_lol:.

 
Кајги сум се затрескал изгледа :X3:

Драга да ми се одмориш убаво овие два-три дена :P
 
Драга Кајгана,
Мислам дека дојде време да сменам некои работи во животот, да ги сменам малце на подобро, да внесам подобри новости :)

Исто знаеш како ми се оди некаде на концерт.... некаде на рок, метал, јако осветлување, на отворено.... само да дојде лето:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom