Драга,
Ко што разбрав јас, овие од фото студиото преварантите, сакале плус 300 денари од таа цена што ни ја пишаа во известување на факсов и тоа за да сме се сликале со таа фамозната капа.
Па да му титнам бе, 300 денари, тоа се двапати да се прејадам во Фул Плејт, тоа се 4-5 пара нови обетки, тоа се 2 нови марами, тоа е нова ташна од Бит бе!
Па дали се они тоа Кајги, нормални?
За да иам слика со капа. Ццц ... оф
тугооооо несречо!
Што е полошо, никој мене не ме праша кај сакам да се фотнам. Таму и таму ќе идете, во тој и тој ден. Ма дај ... Преваранти бе.
Да им титнам јас и на овие од студентски парламент, ко да не давам доволно пари секој ебан упис на семестар (книжен фонд на две рати од 2200 за 20 листа годишно!!!), па и за нив ако сакам факултативно да си платам 200+провизија.
Ма гонете се бе. Им ја скинав уплатницата директно во книжара кога ми ја дадоа и им ја фрлив во корпа таму. Морони глупи.
Мојата чудесна земја, Македонија.
Еве и јас да ја искористам рекламава од владава, редно беше.
Земја во која повеќе се смета за сила онаа фосилната, пензионерите де, и се вложува во нив, а студентите, као демек иднината на земјава, може да скапува на кој кош сака.
Како после да не му кажеш на тој што си оди одовде - Иди и не враќај се?