Драга...
Светот е стварно поразличен од тоа време, некако се се сврте наопаку. Мислиш дека кога едно нешто ќе падне, тоа со себе понесува нешто друго, а тоа нешто трето, предизвикувајќи домино ефект. Пред да видиш, светот е поинаков и воопшто не е како што си го замислувал претходно. Но веќе не знам дали повеќе врати се отвараат или затвараат, знам само дека е тешко навикнувањето на промената новата сцена во која живееме.
Затоа Драга, јас секогаш сум поддржувал промени и често се држев до принципот: New is always better. Но сега не сум сигурен, можеби треба да седнам и да размислам малку. Ова и другпат се покажало како неточно, а сега кога цело време живеевме заедно во тој БИВШИ свет, некако сите знаци укажуваат на тоа. Но не знам... не викам дека е лошо но... тешко е Драга...
Но секако ти најдобро ме разбираш, отсекогаш си била една од ретките што ме разбирале, па сигурен сум дека знаеш за што зборувам. Зборувам за тоа како Миле Китич почна да прави рап песни, а Juice почна да пее шабанарии. Али што знам, добро им иде на двајцата, "
Нокаут" на првиот и "
Гатај ми Гатај" на вториот ептен се јаки. Колку и да е тешко да се признае, ова беше полн погодок. Изгледа вистина е: New is always better!