Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Утре се враќам во реалноста, доста беше болување. :)
Помина, заврши, имам лузна сега (барем додека заздрави) и bad ass сум. У јее... :D
Ќе си направам и некоја пиратска тетоважа уште по бед ес да бидам.
Нешто вака, :)
scar.jpg
 

Attachments

  • scar.jpg
    scar.jpg
    230,7 KB · Прегледи: 27
Елката на плоштад е ремек дело. Неверојатно како нејзината боја се слага со токсичново Скопје. А од друга страна пак, факт е дека Коце и тие во град Скопје никогаш немале вкус и детство.
 
Драга,
Искрено се надевам дека @Epics™ ќе положи Макроекономија... се изнамачи детето :D Со среќа друже!

И мене ми се ближи колоквиумска Кајги, ама овој семестар некако многу искулирано си го минувам, па ќе видиме како ќе заврши :cool:
Конечно ми помина настинката која ме мачеше речиси цел месец, од утре му се враќам на нормалниот живот.
Кај тебе нешто ново?
Имај убава вечер.
 
Мила Кајги,

кажи им дека после третиот месец на факултет и сите испопаѓани колоквиуми не е време да се каже дека се љуби тоа што се учи, туку дека е срамота. Кажи им има време, и за гордеење и за фалење.
И кажи им дека дечињата од завод за рехабилитација не се лечат со тоа што за нив се слатки и симпатични срценца, многу повеќе им треба од тоа.
Незнам дали е до шпанските серии, турските серии, америчките серии, секс енд д сити, госип грл, тин гирл, блонд грл, незнам, ама, stop living the damn american dream :facepalm:
 
Во природата се се стреми кон една стохастичност, во државата веќе нема случајни настани, настаните се претходно детерминирани.

Денес згасна последниот квант од надеж, my ego is dead.
 
Драга,

Се чуствувам мирно и исполнето вечерва. Направив добра работа денес Кеј.
Седам пред шпоретов, ја чувствувам топлината на рерната и замислувам дека е камин. Ми недостига каминот драга.
Мирисот на штотуку печените еклери ми дава некој мир, некое блаженство. Ме асоцира на нешто убаво можеби? Ми создава илузии за иднината која никогаш нема да се случи?
Ми недостига една личност, за која сакам да ги правам еклериве. Сакам да ја гледам како ги јаде, задоволството од вкусот на истите, сакам да го видам на нејзиното лице. Далеку е од мене, на било кој начин, далеку е. Кој знае дали некогаш и би била близу до мене. Бар не на начинот на кој јас сакам да ми биде близу.
Доста сонував драга, ќе ги загорам, на ништо нема да личат. :)
 
Прва работа:ja наредивме елката во Прилепов.

1518685_10200787634236462_965473000_n.jpg


Втора работа:Не му ја даваме во Скопјето оти ќе ги овенат бананите.
 
Му се запулив на трепкачов на лентава за пишување и во позадина го слушам секундарникот од ѕидниот саат. И ме заинтересира дали трепка точно на секунда...после неколку минути броење, синхронизирање и грешавање дојдов до заклучок дека во 10 секунди трепка 9,5 пати.
И така уште едно квалитетно и корисно потрошено време од мојот живот. :D
 
Драга госпожа Кајгана,

aj прибери си ги малите дечиња на форумов, молимте научи ги што е сарказам и кажи им дека и маргаринот, и путерот и мајонезот се штетни по здравјето. Да не ги приберам јас па да го видат Стамбол сосе Бардовци

Лозовата на Тиквеш е амброзија, Зевс може само со лозова да ме служи, наместо вода.

Ај добра ноќ:sleep:
 
Кајго, трнав назад со желба да рокам марчело... по пат се ми тргна и се вратив на бед копи :)
Јебига, знам, боли по малку... Али било и повеќе и нема да е повеќе. Тоа болката ти е уствари потсетник што си направил, што не си направил иии зашо си заебал или те заебале или шо ти знам. Останува лекција, и да си малку попаметен за следен пат. И мислам дека успева.
И шо друго да ти кажам... хммм... валда ќе завршам работа „надвор од цивилизација“ утре. И ќе одморам 2-3 дена, да се извидам со многу луѓе и да прам после нешо паметно :)

И да ја затнам ерупцијава низ мозоков сеа пошо малку ми е лошо :D

и дури сеа ми текна дека скокнала берзата со акции... е будало една...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom