СЕ НАЈАВИВ - откако го прочитав она погоре од@Hank Moody(а сега повторно пак)
навистина прекрасно-пракрасни спомени од старите добри времиња,
кои не постојат повеќе (бар не во повеќето фамилии) во ова време на брзање.
Значи точно така,нашите,старите-пензионерите беа госп...(повторно се навраќам на постот и да го прочитам тој дел,на додерување и облакање за на пазар-зелен)
Се знаеше кога на семафорите кај Црвен крст,на стар црн велосипед ќе видеше таков костомосан стар господин и тоа со шешир,тоа мајстор Марко-дреарот од Кисела вода тргнал на пазар-зелен. (тој лик се уште го паметам,иако поминале и над 40 год.). Се сеќава ли некој на мајстор Марко.
Или исто така дотеран и среден-спастрен тенок висок стар господин,сретнете на истите семафори со тенки убаво дотерани мустаки,секогаш тазе избричен, тоа е секако чичко Тодор-машиновоѓата од ЖТП,кој живееше во кулата кај подвозникот,која сега ја реновираа и го издржа земјотресот без оштетување.
Можеби во исто време (во седумстетите години) ќе налетате уште на еден исто така стар господин,на овие семафори кон пазарот-зелен,како откај Ново Маало оди случајно и со исто име чичко Тодор,некогаш и во службената униформа -портирска од стариот скопски театар во Еврејското маало,која и му убаво стоеше на тенката снага.
Живееше во оние куќарки во Ново Маало кој беа две-три скали под нивото на улицата. Калдрмата се уште стои на истата улица,зелената улична чешма карши неговата порта ја нема повеќе. Како што ги нема многу одамна и овие лица. Живот.
Го нема ни стариот шофер(и тој се разбира секогаш дотеран- костимосан,одеше исто така на пазарот-зелен) во Црвен Крст, на стариот црн мерцедес произведен некоја година после „ратот“.А му беше шофер пред се на Даре Џамбаз.Поточно тоа беше единствен автомобил во цела установа.
Е секое утро на истите тие семафори ќе го сретнете и овој нај господин Даре Џамбаз,
како оди на работа,и тоа ПЕШКИ беше претседател на Црвениот Крст и доктор во нашите партизански бригади во НОВ. Стариот мерцедес и ретко го вадеа од гаража,секако кога требаше само да се оди некаде подалеку во друг град. А сега на секој копиљ таму му дале најнов Ландровер, а по 2-3 години оди најди го каде е.
-----------------------