Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Custvoto koga policaec ne ti veruva deka si 27 god pa po brza postapka moras licna karta pasose i sekakva dokumentacija da vadis :D mislam ok e toa neli treba ko za kompliment da go svatam ama za svoi godini da sw dokazuvas stvarno ne bivit :D
 
Феномен ми се и секогаш ќе ми бидат свекрвичките од 60,3,4 години што се излежаваат, шеќерот, притисокот им рипа, а за шетање први се. Па неќат една соба да си доправат да не замараат, немој да остават на снаата нешто повеќе имот, па се се на улица избркани, па внуците не ги сакаат, па синот пари не им дава, па мајка сум па баба сум. Марш мори свињо, сите си ги надживеала ја една дума у тоа црпката да ти е асална. Како бе ќе умрат овие, нели им е мака да умрат и некој да рече: Ех, си скина конци онаа клетата, децата аир ќе видат, ќе поживеат.Греовите не им се бројат бе еј! Семејно насилство е тоа, ја незнам како такви женишта се уште легални у државава. Ти ја мислиш со четврто одделение она сопствената фамилија си ја растура. Да растам дете за да одвај чека да ме закопа и внуците да неќат да ме видат, незнам стварно од кај излезе тоа дека секоја шо по крв е мајка и баба е мајка и баба? Уствари да, они крвта ти ја цицаат со памукче.
 
ДК


Сабајлечки си ја пуштив песнава и ме удрија childhood memories. Штета го нема спотот, али ги памтам муабетите секој родител на секое дете што му ги правеше коа ја пуштаа на Скајнет, МС, А1 кога даваа музика со саати или нз која друга телевизија шо пушташе музика. Муабетите беа: "Гледај сине/ќерко, вакви работи никогаш не треба да правиш". И после идеш кај другарчињата и им викаш "Глејте го спотот, вака никад не треба да правите".

:)
 
И пофторно сам
Чекам доручак,за да јадам и излезам малку ја да прошетам,да поседам на некои места на кои што ја не сум бил, о дамна, јеје на жифкову карпу јеје
Ми велиш биди јак, како беше ? Нокфа поеше знам у траку
ноКфа бе, смокфа бе скапана, доро и ја не пишују убаво
ама ја пишују како изговарам

Кајгано киду на карпу, еве да еду и цепам,тмн за ручак ке сам дома, ке скитам малце на овој убаво време, да дишу прочистен О два, да га виду Куманоо од високо

Исус те воскреснува haha такој ли завршуеше трака
 
Центарот на Скопје, денес:

rise-of-the-planet-of-the-apes-movie-image-031.jpg
 
Седам дома, гледам некои слики од кога сум бил дете. Ми се вратија некои спомени. Се потсетив на мирисот на зелената Брут колонска вода на дедо ми, она негово станување секогаш пред баба ми да и направи кафенце, за среќен ден и бакнежот во челото кој и го даваше, неговото дотерување во одело за до пазарче. Шармер беше стариот. Не му почнуваше денот без некоја шансона од старото радио. А она за тарана и бакрдан беше доктор. Преспивав кај нив само за да ми почне денот со некои од овие јадења. Ретки се денеска ваквите љубови. Овој период со нетрпение се чекаше. Знаев дека скришно се спрема пакетчето и во него има од оние чоколадите на рефус од Европа. Вкусот уште им го паметам, ми беа едни од омилените. На една од сликите случајно сум сликан пред дуќанот на мајстор Кенан на плоштад. Каков симбол на градот беше тоа место, колку приказни имам слушнато за тоа колку љубови таму настанале. Тука преку пат, еден чичко ги печеше најубавите костени во градов. Кога ќе замирисаше Скопје на нив, се знаеше дека зимата доаѓа. Денеска нивниот мирис е единствената убавина во загадениов град. Останаа сликите и спомените да си сведочат за едно убаво време, за луѓето кои за жал денеска не се тука и за местата кои веќе не постојат.
 
СЕ НАЈАВИВ - откако го прочитав она погоре од@Hank Moody(а сега повторно пак)
навистина прекрасно-пракрасни спомени од старите добри времиња,
кои не постојат повеќе (бар не во повеќето фамилии) во ова време на брзање.
Значи точно така,нашите,старите-пензионерите беа госп...(повторно се навраќам на постот и да го прочитам тој дел,на додерување и облакање за на пазар-зелен)
Се знаеше кога на семафорите кај Црвен крст,на стар црн велосипед ќе видеше таков костомосан стар господин и тоа со шешир,тоа мајстор Марко-дреарот од Кисела вода тргнал на пазар-зелен. (тој лик се уште го паметам,иако поминале и над 40 год.). Се сеќава ли некој на мајстор Марко.
Или исто така дотеран и среден-спастрен тенок висок стар господин,сретнете на истите семафори со тенки убаво дотерани мустаки,секогаш тазе избричен, тоа е секако чичко Тодор-машиновоѓата од ЖТП,кој живееше во кулата кај подвозникот,која сега ја реновираа и го издржа земјотресот без оштетување.
Можеби во исто време (во седумстетите години) ќе налетате уште на еден исто така стар господин,на овие семафори кон пазарот-зелен,како откај Ново Маало оди случајно и со исто име чичко Тодор,некогаш и во службената униформа -портирска од стариот скопски театар во Еврејското маало,која и му убаво стоеше на тенката снага.
Живееше во оние куќарки во Ново Маало кој беа две-три скали под нивото на улицата. Калдрмата се уште стои на истата улица,зелената улична чешма карши неговата порта ја нема повеќе. Како што ги нема многу одамна и овие лица. Живот.
Го нема ни стариот шофер(и тој се разбира секогаш дотеран- костимосан,одеше исто така на пазарот-зелен) во Црвен Крст, на стариот црн мерцедес произведен некоја година после „ратот“.А му беше шофер пред се на Даре Џамбаз.Поточно тоа беше единствен автомобил во цела установа.
Е секое утро на истите тие семафори ќе го сретнете и овој нај господин Даре Џамбаз,
како оди на работа,и тоа ПЕШКИ беше претседател на Црвениот Крст и доктор во нашите партизански бригади во НОВ. Стариот мерцедес и ретко го вадеа од гаража,секако кога требаше само да се оди некаде подалеку во друг град. А сега на секој копиљ таму му дале најнов Ландровер, а по 2-3 години оди најди го каде е.
-----------------------
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom