Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Фала ти што во твојот најголем животен успех најде време да помислиш на мене, немаш појма колку тоа ми значи :treptrep:
Адни ме и пиши ми на чет, за да ти се оддолжам. Ти стојам на располагање со целото мое тело :treptrep:
Колку одговара постов со аватарот твој :pos:
 
Драга, Сител ќе биде HD!
За да можеме малечката невеста и демир да ги глеаме почисто!

Генијалци бре! :cuc:

каков форум бе идам ја сител да гледам!
 
Драга, целиот свет ти е поубав кога си насмеан, а кога не си, и сончевиот ден ти е мрачен.

Ете веќе 3 дена од еден проблем се ми е мрачно. Ќе земам ќе убијам некој од нервозава :mad:

Ајде чао..............
 
ДК
ме ебава интернетов ко шо сака. Овие sunwireles најсрање нет имаат во државава. Иначе добро е жив здрав капнав и денес од вежбање али убо е барем си стојам на зборот. Вечерва понуди за излегување еден куп, некако не ми се прифаќа ниедна, стварно незнам зошто. Али еве и времето тргна против мене утре нема да можи да се трча ко шо ми се гледа.
 
Светот ми се менува,страшно,страшно е кога ќе се соочиш,кога осознаваш дека си немоќен да го смениш процесот. Битно е да ги чуваме соништата и да ги браниме,да веруваме во нив.

треба време
 
Мат Ди-Кеј

Абе, знаеш колку убаво да си бидеш за се обезбеден? Како што иде сезонава, и треба да си, нели? Снабден со се, грижлив, да се пазиш. Да ти е топло, да си сув.

Ете денес заврна, ко од инает, баш кога тргнав накај дома, ни минута порано. И се разврна здраво. Вадиш чадорот нормално. И ајде, знаеш како иде приказната:


♪♫ Кој си носи чадорче, не наврнува, ааааааа си поминува, аааааа не наст- ♪♫


splash-at-a-bus-stop-o.gif
95144.gif




FUCK YOU AND YOUR UMBRELLA BITCH !!!1!


Така добро бев избањат, што ми беше срам да го носам отворен чадорот. Си го склопив, и фатив чекор по чекор накај дома така утоп (дождов поутоп не можеше да ме направи). Фино лепо така со патиките пуни до врвки со вода *жљуб*, *жљуб* така до дома. Дома второ бањање, чистење патики, панталони итн.

Се тоа зошто некој се брзаше да не го фати црвеното на семафор. Не, не е возачка за сите, почнувам тек сега да го сфаќам тоа.
 
Драга,

Онака лабаво цела вечер кафе + чај + учење = ненаспаност
Излегувам на секој пола саат на тераса, да го вдишам свежиот воздух кој кога ми проаѓа низ ноздрите и ми прави да се осеќам посвежо, како да ме оживува.
Денеска не сум баш во некакво најдобро расположение.
Како бе драга спремаш еден предмет толку долго и кој треба да го повториш во мозокот настанува блокада и ништо незнаеш... дури ни лекциите каде се наоѓаат?
Ајде можам јас по милионти пат да го повторам и да го паднам предметот....

Пушти среќа драга, ќе ми треба... :)
 
Драга К,

Значи кој помин вечерва го имав :love: Преубав помин дефенитивно со две другарки. другар. Сме се смееле може до помочување :pos: Какви глупости кои зафрканции паѓаа а и сметката беше скромна 1,890 денари (без такси) :pos:А и не за друго само ние бевме и уште едни во цели 3 ипол часа. Знаеш што? ептен јако беше не за друго рокерски кафиќ рокерска музика :love: Само штета што имаше балади некои рок што малце беше иронично :D
 
Драга, Сител ќе биде HD!
За да можеме малечката невеста и демир да ги глеаме почисто!

Генијалци бре! :cuc:

каков форум бе идам ја сител да гледам!

А Латас? Мене тоа ми е најголемото задоволство од овој новитет на Сител.
 
Абе секоја вечер касно си легнувам, и секое сабајле жалам за тоа.... Никако памет не ми доаѓа.
Него го памтиш постот кога ти кажав дека ќе им тииит мамата на тие кај мене на работа ? Епа ко да го прочитале, па некако ептен фино се понашаат спрема мене од тогаш.
Можда ми спремаат нешто којзнае :cautious:

И уште нешто што ми дојде на памет овака дур го разлистувам форумов во овие доцни часови, оддамна никој се нема пожалено дека форумов не е како порано ?! :icon_mrgr:
Ко ќе ми текне какви дискусии се развиваа на таа тема :pos:
Ајт добра ноќ :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom