Напишав цел пост и исчезна.
Просто исчезна.
И сега меракот, јабана
Сигурно Хармс станал на лева нога.
Нејсе... Турбаните од излози во сон со Јасна беа причина да доцниме на лет. Сонце и Месечина во едно! Ама пак јас нешто извоЉевам. Го презирам зборов, но што има врска.
Тој, ме смее како да знае дека сум неарна.
Си се дружиме со космосов, поволно. Како на локум и кафе. Со ѓезвенце со апликации од дворски шутови.
Кога ќе запознаеш па драги луѓе, што само виртуелно сте се познавале, срцето ти е раат. Онака, сирово, сјајно. Ко јамболија! Тоа е таа компарација. Нешто не ти е јасно, разлики, ова она, ама па греат бе. Паднаа и фотки. Профи. Ме сакал апаратот. И јас го сакам него, молим лепо.
За 26 години имам напишано отприлика 100тина посвети на книгата. Дејгиди луди млади години. Врв на деликатесот денес - рендана дуња и морков во комбинација со мед. Живеј здраво, а подочњакот сам ќе ти ги издава годините, уморот и хуморот.
Сакав да кажам, дека си зборував со себе деновиве. Пациент. Класика инаетење. Многу плачење. Па верба. Не е за пробување, ама кој знае како и си најде начин - олеснува бре.
Ко добро какање после лут ајвар.
Се извинувам што некогаш сум прегласна, знаеш, ќе си речам. Па после си викам - е што да се извинувам, чуму сето тоа правдање кога си таков, несовршено грд?
Па си легнувам и во сон берам портокали и тиква. И будењето денес се пролонгираше. Ко маче. Едно око отворив. Па другото. Па наизменично. Во кујна клокоти компот.
Мене ми клокотат јајниците.
Фалус ни за лек - аман дојди ноември, да ја запотиме собичката од соништата!
И дузина искрености...
Џеф сака да ми каже нешто. Треперливо слушам. Ако умрен човек не послушаш, за жив да не почнувам.