Д.
седам в соба, досега гости имав, вчера гости имав и пак ми се закажани други
сеа седам сам и пот ме облева. одеднаш жештини фатија неподносливи. низ цело тело како струја ми поминува жештина.
со овие странциве ја не знам што ќе правиме. како шипта*р се чувствувам. тие имаат фамилии на секаде по странство. еве и ние сме нешто слично. у п.м.
тие дојдени се тука на шетање, на уживање, а ти треба на ручек да ги носиш, па некогаш ќе ти останат, па не знам што- како. и башка што сите ти се блиски. кумови, братучеди и најдобра другарка од мајка ми со се семејства сите изнадојдени и рачунај сеа. нормално дека сите си имаат куќи ама ај да се видиме и ќе ти дојдат 100 души дома.
лани кога беше дојдена оваа пријателката од мама, дојде заедно со: синот, сестрата, снаата за брат, двајца внуци од брат, две комшивки од кои едната со синот (исто и на мама комшивки во минатото и биле), плус ја нашле по пат братучетка ми.

дојдоа со џипиште големо и кога се истурија одвнатре јас подзинав....буквално...... косата ми се крена........дечишта на сите страни, бебе плачеше, овие муабети, ја трчај лево-десно, ја запалив колата, ја викнав братучетка ми и не снема........
а мора да ја пофалам годинава, баш вчера дојде само таа (пријателкава) со ќерка и. фала к*рцу......