Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга
После 2 минути стиснал лајк. Нејзиното мислење има 1600 збора. Просечно се читаат 300 збора по минута. Прочитал третина од постот и стиснал лајк.
Кажи ми:
а) лиже гз
б) ја симпатиша
в) јас си фаќам ситници кои немаат никаква врска, а он си е класичен бот што си фрла лајкови

ќе да е в.
 
Ако си за идење, иди сега. Оти ако дојдиш после втори не само шо треба да се прогласам за баксуз, треба да умирам таму, и јас и ти ! (n)
 
Готово кајги!
После толку време нешто ново да видам! Неверојатни се, се надевам 2014 ќе иам прилика и во живо да ги гледам, не вака на компјутер... не е тоа тоа. :(

Сега идам да се спремам, вечер поаѓаме. Мобилниот е полн со песни, во малото ранче спакувани се Зафон и Ен Рајс и неколку филмови да се занимавам дур седам внатре на најжешкото. Појма неам дали ќе се дружиме наредните денови, зависи дали ќе иам пристап до нет таму.
Како и да е, остани ми поздравена!
 
Д.К.

9 дена закован дома, мислам како 3 месеци да ми поминале.. епа нема повеќе! И покрај сите забрани од доктори, плус лекциите од моите дома, денеска решавам никого да не слушам и ќе си излезам на кафе. Ми фалат луѓето околу мене, ми фалат муабетите, не сум јас бре учен да седам дома!
 
Драга
После 2 минути стиснал лајк. Нејзиното мислење има 1600 збора. Просечно се читаат 300 збора по минута. Прочитал третина од постот и стиснал лајк.
Кажи ми:
а) лиже гз
б) ја симпатиша
в) јас си фаќам ситници кои немаат никаква врска, а он си е класичен бот што си фрла лајкови

ќе да е в.
Overly attached bf
 
Драга,

Вреди ли бе на некој што ти значел многу, ти зарил нож во грб, да го извадиш па да му го забодеш у око?
Мислам дека не само што вреди туку и не е доволно.

Треба да го искасапиш into little peaces
 
Драга, колку згодни дечки видов сега во 5-ка... :X3: Сите до еден во екипава, високи, мускулести, исончани, мх, мх, мх... Од што ги набљудував цело време, за малце на нивната станица со нив ќе излезев :P ...

Иначе К, ете помина и оваа доста full работна недела. Уште некоја недела, па треба да седнам испити да спремам и то. Биди ми поздравена... :)

 
Д.
седам в соба, досега гости имав, вчера гости имав и пак ми се закажани други :tapp:
сеа седам сам и пот ме облева. одеднаш жештини фатија неподносливи. низ цело тело како струја ми поминува жештина.
со овие странциве ја не знам што ќе правиме. како шипта*р се чувствувам. тие имаат фамилии на секаде по странство. еве и ние сме нешто слично. у п.м.
тие дојдени се тука на шетање, на уживање, а ти треба на ручек да ги носиш, па некогаш ќе ти останат, па не знам што- како. и башка што сите ти се блиски. кумови, братучеди и најдобра другарка од мајка ми со се семејства сите изнадојдени и рачунај сеа. нормално дека сите си имаат куќи ама ај да се видиме и ќе ти дојдат 100 души дома.
лани кога беше дојдена оваа пријателката од мама, дојде заедно со: синот, сестрата, снаата за брат, двајца внуци од брат, две комшивки од кои едната со синот (исто и на мама комшивки во минатото и биле), плус ја нашле по пат братучетка ми. :cuc: дојдоа со џипиште големо и кога се истурија одвнатре јас подзинав....буквално...... косата ми се крена........дечишта на сите страни, бебе плачеше, овие муабети, ја трчај лево-десно, ја запалив колата, ја викнав братучетка ми и не снема........
а мора да ја пофалам годинава, баш вчера дојде само таа (пријателкава) со ќерка и. фала к*рцу......
 
ОоооОооОооо Кај си Деј Кеј, Леееј...
вечер киду на кеј, шалу се, вечер сам на славу, ке си гу разбију главу, ке се напрау Обафени Мастинс, ке си гу исунчам јетру
Посна слава посно графче, кифлице и смајли у тафче
ке се смее астал, па славе су затој Кајгано, да се пине да се кусне, да се видиф људи, ма да не верују у тија сфетци
ја сам фри јор мајнд, поздраф нездраф
 
Скопје, ти си се’ што знам. И барем овој период од животот, инспирацијата за тебе не стивнува. Како може човек да се умори од баничка од ЛаДелишес, од Чаршиска калдрма, од пејсажот на Матка, од пазарчето во Шутка, стапчето од Чаир, спиењето во овоштарник во Волково? Од читањето скрипти по паркови, плачење од први неостварени љубови, мекнеење на Водно, среќавање со тебе, додека возиме точаци?? Како да се уморам, кога сето тоа ме направило да бидам ова што сум? И сета таа насобрана енергија во срцата, што ја имаме... Знам. Едноставно знам. Градот е Феникс, сам по себе чува моќ, и каков и да ни го направија сега, тоа е единственото место кое те гушка и од далеку.

Те сакам, Скопје!

М.
 
не остана грам позитивност,надеж,среќа,тронка љубов,,,,,,,,,,,полно котле со омраза.


за момент не мислев дека сакам да се иселам,ееве сега пак :icon_lol:


некој ќе рече дечко,млад си,а и кока колата ти го силува мозокот.....


и како тоа не чиниш оти не си пушач ?

еби му мајката
 
Во депресија сум, нема со кој да играм тенис. Ти се игра, а, а, а ?!?!?!?!?
 
Драга К

Не тагувај и тоа се случува,
се случуваат работи поболни од оваа,
се кажуваат зборови позлобни од тишината,
постојат погледи неспоредливи со овој
време подолго од ова што во разочарување го користиш ти.
Прифати го животот и се што тој нуди
Признај сам на себе, постои причина за се
секој поседува одговорност за ситуациите во кои се наоѓа и
секој го има правото на шанса повторна.
Не залажувај се,
доколку совеста твоја е чиста, простор за вина не останува
исчезнува секое постоечко двоумење
кое твојот мир го попречува.
Постоиш за себе и за сопствената среќа
чекорите твои се создадени за да го чекорат тој пат
но внимавај.
не дозволувај да останат осакатените оние
што во тебе веруваат и на тебе се потпираат.
Доколку тоа го дозволиш
ефтино ја променуваш сопствената вредност
на падот гледај како успех, не како пораз
на секоја наредна ситуација гледај како мотивација
ќе биде подобра од предходната.
 
дојде време кајги муабетот со извини да го почнеш, за да не се налути соговорникот, преку тасе од премоционални слабаци кој чекаат една техничка грешка да ти кажат колку се погодени од тоа што сум го рекол, добро се извинувам другиот пат ќе размислам како ќе треба да почнам муабет меѓувреме фак оф
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom