Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,
Денес добив еден според мене ненормално нелогичен и глуп совет (да не зборам колку е само по себе глупо да добиеш совет кој не ти е потребен и кој не си го побарал од личност од која воопшто и не би побарала совет и која не е компетентна да го даде). Ми вика типката: „Немој да се откажуваш, иако знаеш дека не постојат никакви шанси, бори се до крај“.
Зашто бе по ѓаволите не би се откажала ако знам дека нема никаква е*ена шанса? Кој ретардиран мазохист треба да сум за тврдоглаво да одам со глава во ѕид кога јасно гледам дека работите не одат во насоката која ја сум ја испланирала? Бори се до крај... А против што да се борам? Против кого? Да се борам против самата себе за да достигнам некоја сега веќе тотално недостижна и небитна цел која самата на себе сум си ја задала?
Не Кајги, поминаа деновите кога трошев време и енергија само за да докажам дека можам. Сега знам дека можам. Но знам и дека понекогаш не вреди. Едноставно, понекогаш повеќе губиш него што добиваш. И тоа.

Ајт поздрав :)
 
Добро реков ќе седниме ама немој да ме срамите :icon_lol:. Ко да го реков спротивното детено одма на маса му појде, овај другиов шо пијаат девојките да ги честам :pos::pos::pos::pos:. Келнерот му одговори дека му однесол, па другиот го прашува, а бе доста се ропачиш лелееееееееее, гледајте си масата оставете ги нив со сукните до пичка без прслучи на столчиња качени и мешаат....

 
ДК.. сакам да си признаам нешто.

Некогаш кога ќе сум напафкан сакам да го читам подфорум религија.

И до ден денес си мислам дека таму пишуваат некои истрипани фаци. Едно џоинтче после лупај и треси глупости.
 
Caught in a middle of a crossfire... и тоа од неколку страни, ама сам си го барав :) пошо само на една страна досега, тоа, не ми успеваше :D сеа ќе видиме, или нешто или ништо...
Дојде братучед ми, си го зедов костумот и работите, сабота биче крвопроличе, има да завршам на токсикологија, така ми изгледа :D
И ми треба одмор, да избегам некаде, барем од дома некаде да избегам... и никој да не ме замара (од тие што ме замараат)
 
Ги изгледав сите 6 сезони од секс анд д сити за да ја видам саманта како се пука однопачки. И не ја начекав таа сцена. Е КАКО БЕ? А сигурна бев дека е од таа серија.
Која будала сум. Не ми отвора песни ни на јутуб а пак симнувам торент од 19 гб.
 
Нас луѓево не карактеризира една анизотропност.

Навидум изгледа дека сме еден привиден континуум, исполнети до таван со животни молекули, но не е така, ништо не е изградено до совршенство на континуум.

Тук-таму некоја духовна празнина, го нарушува оној концент на човековата совршеност.

Јас сум хомоген, анизотропен дисконтинуум. :cautious:

Ми се спие.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lyn
Кога ќе научат дека во живо не се преведува "in live" на англиски бе.Прости луѓе, на еден неписмен му текнало така и сите други се научија :tapp:

Да ти се пофалам и тебе дека почнав да се спремам, до 19-ти август има да набијам кондиција шта да ти причам :icon_lol:. Денеска 5 круга, утре одиме на 6:cool:
 
-400608607-big.jpg


Ти текнува на сликава? Кога и да ја видам истиот ефект. Се враќам 15 години наназад, седнат до топол камин, во некоја зимска вечер во која надвор виулиците се забавуваат на својот вообичаен начин додека снегот полека се спушта и задржува на студената земја, а јас мирен и спокоен гледам во екранот со сета своја детска безгрижност. И сетне по час време така среќен и внатрешно исполнет заминувам да спијам во убави сништа.
 
Није водка ракија..мада ночас удара.............................
 
Драга,

Многу досадно бе..Се мрднав,не ми се спие,нема со кој муабет да направам пошо сите спијат или се искочени..али ај ќе ми се приспие ваљда кај и да е..
Ти како си?
Сум ти кажал некад дека у најтешки моменти си била тука за мене? Епа така да знаеш од сеа!
Друго да ти се пофалам немам ќе пробам да се успијам со најбрзата можна метода - Да читам книга. Тука е Инферно од Ден Браун,треба само да ја почнам сигурно ќе е добра.

Ај остани ми поздравена и бери памет,

Добра ноќ
 

Без вас неможам да дишам, не би постоел и не би ценел, не би правел разлика помеѓу џебот празен дебел, не би станал легална дрога Пистолеро Влае, во рапов не би бил ни волку добар MC свеш праен, не би научил да делам братски парче леп, без вас сум како сит и сам во светот бос и слеп...
 
Драга

Абе примети ли ти колку бремени има оваа лето?
Плодна година, машала.:)
3 бебенца чекам во септември, кое ли најмногу ќе го сакам, сите ми се на блиски пријателки:rolleyes:


Сакав да ти кажам, ако овие 2 дена не поминат најбрзо на свет и ако Зен не се врати, ќе полудам. Ама стварно!

И сакам да кажам дека не знам да возам.
Цела ноќ не спијам и размислувам како утре ќе свртам и ке се паркирам.
Офффф! Цел живот ги пцујам проклетите жени кои седнале у кола, наџиџани.. Улица не минувам кога ќе ги видам. Стooој жена е!
А можда и мене кога ќе ме види некој ќе си рече така... бегаај,женско вози.
Првиот ден ми беше супер, појди, застани. 2 часа тоа, ТОП. Ни тоа не знаев, ама научив.
Вчера да се паркирам, па појма немаам.
Инструкторот па уште ме теши, супер сум била.
Ја не знам зошто ми уплатија да полагам кога авто немам. Ќе си одев негде на одмор, ке си се печам на сонце. Зошто вакви нервози сега... :notworthy:
Ај барем знам да тргнам, и да застанам и под ручна плус во нагорница...:unsure:
 
ДК
Сум зарѓал, може па раштимана е....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom