Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајганџии,
ова го постирам во оваа тема, затоа што соодветната е заборавена.
Потребна ми е помош од секого. Ви благодарам однапред, само ако видите.

Ова е кучето на другарка ми. Го чува како свое дете од мало кога беше.

Ако било кој има информација, ве молам ПП.

Украдено е куче од расата Мопс.Се одзива на името Ава.Има белег од конци на стомакот.Украдена е во Железера,стара е 5 години.Контакт-078-390-131 и 078/ 33 66 29
32301_4844290342911_389827276_n.jpg
 
Кајгано.
Не ми е јасно,што е целта на лугето кои си постираат исти текстови низ повеке форуми?
Собирање лајкови?
Ширење мудри мисли? ........ или?
Да му дадеш една иста нива да ја ископа повеке пати едно по друго,ке се нафати ли?

Ти кајгано чисто да си знаеш,на моменти умееш ама баш да ми ја рашириш дијафрагмата.
 
Драга Кајгано,

денеска беше одличен ден со успешно завршена работа послем толку напори. Премногу ми направи кеф за она што се трудев да биди најдобро , и успеа. Денов ми е погоден од кога станав, сакам и таков да ми заврши.

Од другата страна, се насобраа многу, многу други работи што ми го отежнуваат животот, секаков вид на проблеми, итн. Незнам на која страна да се свртам веќе. Претерано ми е оптоварена главата, и се надевам дека еден ден се ќе ми стани јасно.

Тоа беше се од мене, сеа одам да дремнам некој саат.
До следно читање Кајгано !
 
Вчера професорот на еден од колегите му вика
-Колега, во иднина внимавај кога пишуваш обвинителен акт на зборовите. Еден збор пиша и замина смислата на реченицата.
-Ама професоре па сега за еден збор, исто како да не бил, ништо страшно.
-Ништо страшно?! Ај вака да ти објаснам. Исто е ,,Мара дава часови по математика" со ,,Мара дава на часови по математика". Eте така колега, па види сега ти дали еден збор менува или не . Плус кај го ископа примеров, Рамче Рамчески, ром, вработен, татко на едно дете? Кај се видело ром со едно дете?! :icon_lol:
 
Градот е мал. Тука се прават такви работи. Седиме и разговараме за другите луѓе. Дознаваме што им се случува во животот, кажуваме што мислиме, расправаме за тоа дали другите имаат право или не, и им ги решаваме проблемите ако мораме, меѓу своите четири ѕида. Се разбира, никој не го признава тоа, но сите го правиме. Главно се живее така.

...
 
ДК
Си се печиме со BrunoFresh на жешкото :)
кој шок ме мава после кога ќе си појдам дома, организмот само сон ми бара, а обврски шо имам други не е проблем
сега кога ми е натрупано имам желба за свирење гитара,шетање,дружење
КАЈ БЕШЕ ТО МИНАТАТА НЕДЕЛА КО КИСНЕВ ДОМА ПРЕД ПЦ???
 
ДК,

Денес се почувствував како да вадам логаритам од нула.
 
Порано како средношколец и на факс дури одев се обидував да пишувам поезија дури и напишав дузина песни кои останаа во некои тетратки.
Интересен ми беше моментот на инспирација на некоја песна, знаеше да ме стрефи на сред пат и ако не го регистрирав тоа ја заборавав до дома или до местото каде што одам.
Затоа со мене стално си носев ливче и плајваз и запишував кога ќе ми дојдеше инспирацијата.
Сега ми се случува многу поретко да ме вдахне некоја инспирација и да бидам искрен немам волја да запишувам, ниту пак да пишувам нешто.
Размислувам да го снимам тоа на телефон како гласовна порака, ама многу пати има луѓе околу мене кога ќе ми дојде инспирацијата, а мене околу добри 80% што ме познаваат мислат дека ми фали некоја даска, па не сакам да си речат и тие 20% што ме мислат дека сум малку нормален, кога ќе почнам без причина да зборувам во телефонот дека длабоко погрешиле.
Дури думам да запишам што ми дојде оти мислам дека ова е една од оние вредни за споделување.

Квечерината пополека го јадеше градот, и во нејзината темна утроба се гледаше како ги снемува најпрво облакодерите, па поголемите згради, куќите, улиците за на крај да ги изеде и луѓето.
Но не се даваше така градот лесно да се изеде, почна да испушта по малку светлина најпрво по облакодерите, па поголемите згради, куќите, улиците и само луѓето останаа темни.
Ако некој би се загледал добро во утробата на квечерината ќе можеше да види дека градот е жив, се бори со квечерината и ноќта и ќе преживее до утрото, ама луѓето не се.
Тие остануваат секогаш исти...
 
Сега ми се случува многу поретко да ме вдахне некоја инспирација и да бидам искрен немам волја да запишувам, ниту пак да пишувам нешто.

Пробај да напишеш нешто додека ја гледаш омлената емисија на МРТВ
 
Ете сега не се 20% веч процентот се намалува кон 19% за тие што не те познаваат.... и јас навивам од кај даската:)

Се шалам секако....одличен текст!
 
The disco craze spread around the world in the 1970s conquering Yugoslavia as well. Similarly to the disco movie Saturday Night Fever, Zdravko Čolićbecame a sort of "Yugoslav John Travolta" dancing in stadiums across the country, dressed in a tight white suit and the then-fashionable bell-bottoms.

Тоа е тоа. Сè е кажано.
виа wiki
 
ДК,
си дремам на тераса, чекам некој да крене сервер да изгејмаме онака ко лани, ко луѓе... гледам во ноќта и се нешто безвезе ми се врти...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom