Не треба ништо да потиснуваме за да не избива на трети начини, иако тоа е начинот на кој би можеле да преживееме, потиснувајќи. Така некако зборуваше прееска еден Црнец со потекло од Карибите, писател и професор, збореше за меморија(субјективното спознание) vs. историја (официјално и наметнато познавање). Меморија да, но ако човекот знае да не сврстува туѓи зборови во меморијата за разните дешавки во животот, и ако има храброст пред себе да се стреми кон објективност. Или пак, не мора да биде нашата трауматска меморија толку објективна, колку што треба да биде на ниво на прикаска како од митологијата, со предводеност од особини кои моментално нетолку нѐ водат, па така се одвивала онака како што се одвивала, не може да се промени, сѐ што може е да се научи нешто од неа. Човекот збореше за деменцијата...всушност деменцијата како таква подразбира заборавање на елементарните општествени и лични човечки норми на однесување, од незнаењето за правилата во општеството што според мене може да биде единственото добро во целата оваа ситуација на регрес, па сѐ до заборавањето да затвориш чешма на пример, што е страшно.
И кога сме веќе кај тоа, моментално читам за Б17 лек против ракот и
Оазата на надежта. Всушност, заради вакви работи, некојаси суровост и сировост(raw) на животот, придружени со тоа што ги знам сите суптилни и несуптилни бездомници кои шетаат низ центар, едноставно не верувам дека животот служи за убаво да си поминуваме во него.
Некако, човек мора да е во некаков занес и незаинтересираност, ако е среќен.
Веројатно заради тоа не сакам ''хипстери", што дури ги прават работите пошарени од она што се, но не ми се свиѓа ни навалицата против нив на форумов, едноставно тие се сепак боље од оние луѓе кои се само добри работници, а сѐ друго што прават во животот им се сведува на комерцијала.
Иначе, сфатив и дека многу поозбилно ги сфаќам шансите за разлика од моите пријатели, така да да не знаев дека The pervert's guide to ideology документарецот го нема на интернет, веројатно вчера ќе отидев у кино, макар и сама. Проблемот е што у 5 за 12 се информирав за тоа и касно почнав да викам луѓе, стандардно од моја стрна.
Исто така минатата недела се давал документарецот за Mark Sandman од Morphine, стварно јако, затоа што веројатно значи дека бендот е малце попопуларен од тоа што мислев, зборејќи само со неколку фанови, меѓу кои
Windfucker, кој ми го прати торентот и ме запозна со најбоље песната за разделба, а воедно и едина без сакс.
