H
HITCH
Гостин
Драга Кајги,
Овие два дена не сум при себе од среќа!
Се` е пребрзо, ама супер ми е! Денес ќе одмарам малку, утре ќе довршам уште некои работи кои требаше да ги средам денес, ама за да не биде се кнап ги префрлив за утре, а задутре... САРА ДОАЃАМ!
Нема да можам да возам од возбуда, другиве ќе возат. Да, знам дека последниот пат кога идевме со кола ја извадија гумата и си играа со неа. Овој пат нема да биде така... ми ветија!
Се случија премногу работи за прекратко време. Петокот лудница си поминав излегов сабајлето во 10 се вратив во саботата во 2 сабајлето.
Саботата излегов во 10 и плачев од смеа цел ден. Вчера, завчера и денес беше лудница. Ги сакам ваквите денови кога сите одлепуваме во исто време и си поминуваме топ, или поубаво кажано: топ си, кис4е, муа!
Малку ме потресе информацијата дека ваму имало торнадо и дека поминало на некои 50 метра до нив. Куќата на комшиите лом, нивната без кров, ама важно сите се: здрави, живи, колку толку весели. :back: Многу ве сакаме и многу ве мислиме после ова!
Неколку предобри песни ми се вртат постојано низ глава, а Бога ми и низ плеерот.
Понекогаш ми здосадуваат, но само за момент. Променив некои песни, некои ги избришав, на некои се потсетив, а некои ги оставив и понатаму да свират... да видиме како ќе се развиваат работиве, засега е интересно!
Како и секогаш, околу мене се луѓето на кои и месечината да им ја подарам е премалку! Дечки ве сакам!!! Секој ден ме правите се` посреќна и ми подарувате прекрасни спомени кои ме преават да се чувствувам пресреќно и исполнето. Не сакам кога се потскаруваме, ама и тоа е нормална работа, тоа е дел од животот. Знам дека знаете колку сум опуштена, ама тоа е заради вас. Чувствувам како да почнав да живеам одново, како да су се преродила...
И за на крај, најважното:
Драга Весна,
Ти благодарам за се` што направи за мене, а направи ПРЕМНОГУ! Ми подаде рака кога јас побарав прст. Ти благодарам што ме сакаше и што ме чуваше како свое дете, што ми веруваше, што ме следеше во се` што правев и што ги поправаше моите грешки без да ме караш. Од тебе научив премногу! Она што ми го кажа денес ме погоди ептен! Да, со твојот потпис и печат започнав и со твојот потпис и печат завршив еден важен и убав дел од мојот живот. Се сеќавам на се` што ми кажа и на секој наш разговор. Јас се опуштив малку, не сум повеќе стегната како што бев порано, знам дека треба уште малку, ама... некако тешко ми иде.
Од срце ти посакувам во животот да успееш да си ја исполниш секоја желба без мака.
Вие засекогаш ќе останете во моето срце и секогаш ќе се сеќавам на вас и на сето она што го направивте за мене! Никогаш нема да можам доволно да ви се оддолжам за се` што сторивте за мене. Се надевам дека некогаш во животот ќе можам барем малку да ви се оддолжам, тоа ќе биде трошка од она вие што го направивте за мене!
ФАЛА ЗА СЕ`! :back: