Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Едно нешто не ми е јасно... кој црн ѓавол ме натера да ја пуштам Полско цвеќе од Тоше... :cry::cry::cry::cry::cry::cry:
 
Драга Кајги и денес не сум ИЧ расположен на школо е како и секогаш и така...
Tи како си ми ???
:back:
 
Сонувам многу у последно време, мала .. Невообичаено е тоа за мене, јас ептен ретко сонувам. :toe:

Соновите ми летат од едно на друго место. Сонувам професори сегашни и поранешни, оценки, пријатели од средно шо ги немам видено Х време, далечни роднини, гужви, брзања некаде, непознати луѓе .. BLOND DESIRE ! :icon_eek:
 
Кајганоооо мориииии, не ми дале една рата од стипендијата туку две :icon_mrgr
7260 денари, па бап :)
Денов преубав....
Сабајле се возев во нова 16-ка, мераци :drk:
После на факс, правев тест :tapp: кој ќе бил 20% од оценката и супер го направив. Прв го решив :icon_cool
И после тоа.... :back:
Многу бакнежи, галење, гњавење, чешкање, штипењеееее:wub:
Си ја сакам највеќе на целиооот свет :icon_mrgr
Утре очекувам исто толку добар ден. А како нема да биде добар кога не сум на факс :pos:
Поззззз кајгано и ти посакувам и ти да бидеш исто толку хепи како што сум јас во моментов.
Неможам да ти опишам колку се израдував кога видов колку пари ми останале од ланската стипендија :icon_mrgr
Имаше и од талентето и од фриковето, а јас сум дефинитвно од вториве :icon_mrgr :back:
 
Каква иронија,каква трагедија,која наивност....па да посакаш и да рипнеш од балкон подобро ке биде отколку да се нафакаш да зборуваш.
Некој горе таму си игра со конците на мојот живот секој ден.Се прашувам како не се замори...о да тој е Семокен...И му се праи што сака...
И сега скокам дома ко Раде Рогожаров.Го знаеш оној скренатиот водител(ако може така да се нарече)со долга црна коса и брада....
Ах бе драга кајгано зошто ти го зборувам тоа тебе кога нема да разбереш.
Да се невиди и на мојата хуманост кон другите и се...да убаво е да си хуман ама за оној кој го заслужува тоа.
А никој не заслужува.
 
Драга,
Денес станав рано од 6 за да одам на фах, и што ќе видам надвор- снег, само кога помислив дека до автобуска треба да одам:nesvest: а што убаво ми беше во кревет топло. Ау многу го мразам времево - дефинитивно ми влијае на расположение и на се! Цел ден главата ме боли, нема ништо денес да ти се пофалам, ми даде една проф. презентација за нареден час, знаев дека мене ќе ме прочита, од толку студенти кај најде моето име да го прочита:toe: сакала не сакала ќе презентирам. И др. нешто не знам што да кажам... ај доста ти се жалев:smir:
 
Д..
како и некој погоре што кажал и јас да ти се пожалам дека многу сонувам во последно време бе :tapp:
и тоа глупави сонови.....кошмари.
не можам раат да спијам, а прва смена сум. кога и да заспијам во 6.10 мора да станам.
ај уште утре, ај уште утре и некако неделава ја истуркавме.
утре на контрола треба да одам, а многу ме мрзи.
ај да те приразгледам и заминувам
 
Мај деар,

Навистина имам потреба од повеќе од 24 часа дневно.Некако се ми е кнап и не успевам ни да се наспијам ко што треба.
А како последица на тоа цел ден сум во екстра променливо расположение.Имуна станав веќе нa некои работи....
Чудно е како зборовите знаат да исчезнат! Не ме сваќаш знам, ни јас не се сваќам веќе, нелогична сум си сама на себе во последно време :)
Еве и еден поздрав

Bye :back:
 
Драга,
Болна сум,навистина болна.Ако некогаш ме нема знај дека бирократијата во Македонија е крива. Само од нив можам млада да заминам...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom