Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајги,

Овие два дена не сум при себе од среќа! :vozbud: Се` е пребрзо, ама супер ми е! Денес ќе одмарам малку, утре ќе довршам уште некои работи кои требаше да ги средам денес, ама за да не биде се кнап ги префрлив за утре, а задутре... САРА ДОАЃАМ! :vozbud: :vozbud: :vozbud: Нема да можам да возам од возбуда, другиве ќе возат. Да, знам дека последниот пат кога идевме со кола ја извадија гумата и си играа со неа. Овој пат нема да биде така... ми ветија! :pos: Се случија премногу работи за прекратко време. Петокот лудница си поминав излегов сабајлето во 10 се вратив во саботата во 2 сабајлето. :pos: Саботата излегов во 10 и плачев од смеа цел ден. Вчера, завчера и денес беше лудница. Ги сакам ваквите денови кога сите одлепуваме во исто време и си поминуваме топ, или поубаво кажано: топ си, кис4е, муа! :pos:

Малку ме потресе информацијата дека ваму имало торнадо и дека поминало на некои 50 метра до нив. Куќата на комшиите лом, нивната без кров, ама важно сите се: здрави, живи, колку толку весели. :back: Многу ве сакаме и многу ве мислиме после ова! :(

Неколку предобри песни ми се вртат постојано низ глава, а Бога ми и низ плеерот. :) Понекогаш ми здосадуваат, но само за момент. Променив некои песни, некои ги избришав, на некои се потсетив, а некои ги оставив и понатаму да свират... да видиме како ќе се развиваат работиве, засега е интересно!

Како и секогаш, околу мене се луѓето на кои и месечината да им ја подарам е премалку! Дечки ве сакам!!! Секој ден ме правите се` посреќна и ми подарувате прекрасни спомени кои ме преават да се чувствувам пресреќно и исполнето. Не сакам кога се потскаруваме, ама и тоа е нормална работа, тоа е дел од животот. Знам дека знаете колку сум опуштена, ама тоа е заради вас. Чувствувам како да почнав да живеам одново, како да су се преродила...

И за на крај, најважното:
Драга Весна,
Ти благодарам за се` што направи за мене, а направи ПРЕМНОГУ! Ми подаде рака кога јас побарав прст. Ти благодарам што ме сакаше и што ме чуваше како свое дете, што ми веруваше, што ме следеше во се` што правев и што ги поправаше моите грешки без да ме караш. Од тебе научив премногу! Она што ми го кажа денес ме погоди ептен! Да, со твојот потпис и печат започнав и со твојот потпис и печат завршив еден важен и убав дел од мојот живот. Се сеќавам на се` што ми кажа и на секој наш разговор. Јас се опуштив малку, не сум повеќе стегната како што бев порано, знам дека треба уште малку, ама... некако тешко ми иде. :( Од срце ти посакувам во животот да успееш да си ја исполниш секоја желба без мака.
Вие засекогаш ќе останете во моето срце и секогаш ќе се сеќавам на вас и на сето она што го направивте за мене! Никогаш нема да можам доволно да ви се оддолжам за се` што сторивте за мене. Се надевам дека некогаш во животот ќе можам барем малку да ви се оддолжам, тоа ќе биде трошка од она вие што го направивте за мене!

ФАЛА ЗА СЕ`! :back:

 
Кајганоооо ја оставам мојата судбина на кладилниците..I need this trip :)
 
Пер ја колку да ти се пофалам дека иам нов ник.
Смекси,Marked One итн итн...
 
Уште еден не послушен модератор смени ник...
ко да им викаш “сменете никови“, ц ц ц ц....
п.с. патиката лева уше ми е прљава.
 
Драга,
Како ми се спие, не знам што правам уште на нет, а знам требаше да ја сменам сликата на фб(ми била многу провокативна:kesa:) па да ставам некоја кај што сум заедно со дечкото:)
:back:
 
Кајгич,
На лева нога сум станата златна, нервоза ме пукат цел ден. Рушет бушет од 8 сабајле по дома, искрцкав! Нашкола ко нашкола, ме убиват вторава смена. За времево да не прам муабет. Се истури, како не му е мака? :toe: Oдам сеа да спијам да си ја одморам душичкава малце. :pipi:
Добра ноќ драга, биди ми поздравена... :salut:
 
Драга,
Запрепастен сум од моите соклупници, не знам што да кажам повеќе, се би било залудно.:toe:
 
Имам некое чудно претчувство. Не знам ни дали е лошо, ни дали е добро... Само знам дека го имам и веќе трае со денови. И се обидувам да најдам смисла и со што би можело да е поврзано, ама не ми оди. Секогаш сакам да ги знам тие работи однапред, ама се ќе дознаам ваљда кога ќе му дојде времето, до тогаш ќе ме мачи ова силно чувство во стомакот. :toe:
 
Замисли, во 7 треба да сум веќе таму и спремен. Oh.. I'm bad.

НО,

Cause I may be bad, but I'm perfectly good at it !! ~~
 
Што ти е смеење од сабалје. Не се салам ова физичариве. Влегува асистентов и вика да ви кажам што прочитав на фб :

"Ко нема интегралот никогаш да не ти се сведи на табличен" :pos::pos::pos:

Која клетва, човече...:pos:
 
Дај боже сите што работат во државна администрација еден ден да се заменат и да бидат странки.Крв да плукаат додека средат документација!
Ова не се издржува веќе,ебење во здрав мозок!
 
Кајганче!
Го мразам периодов, го мразам и времево!Кај што е ми тмурно во срцево па мора да е така и надвор.. Дај сонце нека огрее малку барем на тоа да се порадувам, кога немам на кого и што да се радувам деновиве.. На факс, не бев, ми е страв да не ме фатил тој стомачниот вирус, уште тоа ми фали и можам слободно да кажам чао на сите.Се ми е здодевно, се ми е веќе навика.. Ми треба нешто ново, свежо, работи кои ќе ги направам за прв пат.. Ептен досаден период, па уште и кога ќе ти се насоберат луѓе околу тебе што не можеш да ги трпиш, ќе пукнеш!Исто како јас што сум на работ на тоа пукање..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom