Просечен кајганџија:
Не сакам нешто. Мора да пишам на кајгана,фејсбук,твитер,инстаграм,да му кажам на локалниот поп, да пратам гула и да пратам човек низ цело село да разгласи дека сите што го сакаат тоа што јас го сакам се будали. А не, не се замарам со работи што не ги сакам.
Кајгс,
Почнав по шести пат да ја гледам Гејм оф Тронс, ама овој пат, за да ми е поинтересно, не ги гледам по ред туку си бирам рандом сезона и епизода и кога ќе ја изгледам ја означувам како изгледана за да не ми се повторуваат
Денес споделивме многу љубов и позитивна енергија и добивме повеќе донации од очекуваното
Убав ден, убав викенд, убав месец.
Пролет е Кајги. Пролет е надвор, а пролет е и во мене. Волку расположена не сум била одамна.
Хагс,
ЏинЏер.
Добро, што толку хејт и исмевање на Кајмакоски по мреживе? Што направи лошо дечкото, што од ѕидар стана пејач? :S И тоа ај да речеш ок да го исмева некој издржано, али го исмеваат фаци налик Трендолендоманија душа продадена (што поддржуваат квази уметници кои воедно негуваат пцовки, да не се заборави) со некој хумор од кој ти идат солзи на очи како кога ќе ти се скине влакно од газот Или па го исмеваат фаци што кога ќе направи 4-5 песни ќе се тепаат за микрофони по биртии кој да испее негова песна. Или па најново, Филе Секој со своето но после нека нема лицемерие на кило, тоа мене ми смета. Ајт драга.
Ми се оди на концерти.
Ми се кампува.
Ми се води љубов под ведро небо.
Или на плажа.
Или во вода.
Ми се игра и скока и ми се вриска на цел глас!
Ми се носи лесно фустанче и шешир со цветче.
Ми се прават детски глупости и ми се смее најгласно!
Ми се трча боса низ трева се` додека стапалата не ми позеленат.
Ми се прави нешто за првпат.
А еве сум, пред компјутер, пишувам есеј за утре. Ваквите желби ми се најизразени пред колоквиумска. Тогаш и ориз ми се притребува, само не ми се учи
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.