Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгано..

Знаеш дека цел свет веќе 37-8 години живее во голема заблуда дека Кралот на рокенролот е мртов?

Како што пренесува Пулс24.мк тој 16 август 1977 година Кралот Елвис и неговата помлада партнерка Џинџер Алден (не е нашата @Не_Сум_ЏинЏер без гајле) ја лажирале неговата смрт и со приватен авион пребегале верувале или не во нашата мила и сакана библиска земја, Република Македонија.
Елвис во изминативе 37 години за кои се верува дека е мртов водел тивок живот и се занимавал со земјоделство, но еве сега конечно реши да се појави во јавноста и да го шокира светот со новиот спектакуларен мегахит, синглот кој ќе ги урне сите рекорди на слушаност ширум планетава..

Дами и господа поклонете се пред Кралот.

 
Драга,
Фала богу пројдоа глупостиве со аватариве и милионите нотификации. Се врати во нормала, убаво е.:cool:
 
Си седиме на клупа и имавме ракија. Иди еден пијаница, ќофте напраен, бара ракија: - Му дадовме една чаша да се напие.
Вика: Абе ова ракијата за прозорци чистење е?
.
.:
.
.
.
.
.
.
Му се слоши, си замина.


Ај заминав да спијам, утре на бавча сум, позз.

П.с. да му еам крвта на тие што го измислија ова со поместување на саатот, како ќе станам сабајле ! :mad:
 
Која случајност, колегите од погоре кажуваат колку им била брутална Red Wedding после неколку гледања, а јас пред пола саат ја изгледав епизодата првпат.

Уште ми се тресат рацете и имам некое чудно чувство на немир од ова болно телевизиско искуство ...
 
Знаеш што е лошо со новиве wannabe авангарда писатели, па и музичари (читај диџеи)? Нивните конзументи. Да не речам „помладите“ пошто и ја не сум стар.

Ќе се фатиш у разговор со некоја и ќе ти рече „Ааа, јас многу сакам да читам книги.“, за момент ќе помислиш „Вау, жениште“, пред да ти каже дека она уствари сака да чита и читала неримувана фејсбук поезија, 50 нијанси на сиво, Лајла Грејс Анатоми итн... Чита во БМВ-то на спонзорот додека овој купува краставици за жена му.

Или ќе ти се фали дека не слуша турбо-фолк но затоа ужива во маестралните звуци на Мирко Попов. А и не е тоа, личниот избор за сопствена конзумација на одредена уметност, толку страшно, колку фактот дека баш овие ликови доживуваат ненормално голем еготрип и почнуваат да глумат авангарда, постојано потенцијраќи дека „Само тоа што они го слушаат/читаат/па и јадат у последно време (боже сачувај) - вреди“.

Верувај во што сакаш, слушај што сакаш, читај што сакаш... ама брат да ми тврдиш и наметнуваш нешто, за кое знам дека не си способен ни самиот да го разбереш и го конзумираш само заради тоа што е во тренд, за да си го задржиш авангардното друштво а не по твоја сопстевна душевна волја, како да ти кажам, фала ама Не!

Квалитет > Квантитет. Секоја чест на исклучоците кои знаат да склопат нешто квалитетно, макар тоа и било без уметничка вредност, но е забавно и интерсно за „користење“. Ама таквите за жал се губат во гужвата од овие гореспоменативе.
 
Види драга, никој не ти пишал во периодот од 02:00 до 03:00 часот.

не те сакат, ич.
 
Драга,
Да и` кажеш на главоболкава да си оди. Не е добредојдена, НИКОГАШ! :mad: А у последно време си се опуштила па барем еднаш неделно си доаѓа, па ни чука на врата ни ѕвони. Туку оп, си се појавува и си се понаша ко дома да е. Што се замишља? Морам да преземам ригорозни мерки да ја отстранам. Срамота!
Иначе денес изигравав бебиситерка на 3 деца. Уште сакам да имам 4. Ама не сите машки. Ако имам 2 машки со ред, се откажувам за понатамошни деца. Дури и тоа најмалото и најмилото стана малку злобно денеска. Знам дека тестираат граници, ама не иде... Малку и се размазени, ама пошо не верувам дека нема да ги размазам моите, боље да не ризикуваме, така? :D Иначе мислев цел ден ќе ми се поремети ради тоа, ама добро е. Мразам кога онака со душа чекаш да седнеш/легнеш и да се релаксираш и нешто ќе искрсне. Најтапа е.
 
Драга,

среќен ми роденден.
Се осеќам постаро, у пичку матер.
А не е дека сум помудар и попаметен. Уште пробувам да рипнам во пижамите коа ги облакам.
Ни ја незнам колку пати сум се утепал така. И уште ако некој ме праша дали има лева и десна чорапа, ќе ми треба време да помислам.

Копиљ. На прсти собирам.
 
Драга just let that sink in
t1932.gif

 
Драга Кајгана,

Ова ќе биде мој 11001 пост на форумов :)

Инаку нишо посебно кај мене, последново крстарење го поминав болен, 2 ноќи медикал офф, пола ноќ ослободен од работа од шефицата... и она што работев работев на ауто-пилот... За среќа денес сум троа поарен, пијам нови апчиња, едно од нив произведено од Плива за амерички пазар, се викаат Azithromycin USP.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom