Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Одручек да ве видам сите на фејсбук со слики од Мајо за да можам да ве лајкам.
th_old.gif
 
жалосно е како на луѓето им треба да чекат некој празник или повод за да испаднат да се соберат,да се смеат,забавуват,да ги прошетат своите деца и жена на прошетка во природа......жалосно ептен.
 
Да славиш додека експлоатацијата сеуште владее е лицемерно. Први мај не е ден за одмор, ќе одмараме кога ќе се ослободиме од опресорската рака, која ни е замотана околу врат и контролира колку можеме да дишиме. Секоја чест на оние кои погинале за работниците денес да имаат какви-такви права!

 
Ехх сите на излет ја на радно место.
Да ти ебам и држава и закони. Овде калакурница е!
 
Драга Кајгано.

Ме инспирираше постот на Пепси_

жалосно е како на луѓето им треба да чекат некој празник или повод за да испаднат да се соберат,да се смеат,забавуват,да ги прошетат своите деца и жена на прошетка во природа......жалосно ептен.

Многу вистина има во напишаново...Јас ги разбирам оние претрупаните со работа но исто така не можам да ги разберам зошто барем еден ден не го одвојат за својата фамилија.
Знам дека сакаат да го обезбедат најдоброто за својата фамилија,знам дека сакаат сигурна иднина...Секој сака...Но јас мислам дека смислата на животот е и да го искористуваш и со своите најблиски а не да се претрупуваш со работа секој ден..Да имаш убави моменти со нив,да се искористи времето кое се има...Зошто на крајот се жалиш како не си го искористил времето со најблиските и дека си остарен немајки повеке сила во себе...
Дајте бе луѓе...Живејте го малку животот...Посветувајте си секој ден внимание,шетајте секој викенд,не чекајте празници или поводи за да се распали скарата...
Не е потребен повод за такво нешто...
Пред извесен период разговарав со пријатели за идејата да отидеме во Рибен Ресторант...
Каков одговор добив?Немам пари во себе и немало повод ниту празник за тоа нешто...Немаш за прошетка имаш за Аца Лукас и Северина?:facepalm:А каков е тој повод да отидеш на концерт на некој мрсник кој нема две чисти во глава?И чиј секој концерт му е последен?
Ах бре Македонче...
 
Добив смс - моите ми честитаа 1. Мај! (y)
Се разбира, Интернационалата ја нема на македонски ја јутјуб, :facepalm: а јас 8 години ја пеев во хор и уште многу долго под туш!


За 1. Мај прочитајте овде.


 
Добив смс - моите ми честитаа 1. Мај! (y)
Се разбира, Интернационалата ја нема на македонски ја јутјуб, :facepalm: а јас 8 години ја пеев во хор и уште многу долго под туш!

Ете им ја песната, еве им го текстот, нека пеат! :)

На нозе презрени и гладни!
На нозе робје од цел свет!
Со сила урни сила долу,
В прав нека падне врагот клет.
Стројот стар се урнува, паѓа,
На нозе, робје, дигај се!
Се менува цел свет од темел,
Кој беше ништо тој ќе е сè!
Тоа ќе е последен
И одлучен, тежок бој,
Со Интернационала
Во нов и светол строј! X 2


За да биде иронијата уште поголема, баш на овој ден, голем дел од работниците им остваруваат доста профит на капиталистите. :pos:
 
Драга, денес поише се уморив отколку што се одморив. послем ручекот се оптегнав ко на божемски малце да дремнам, де каменче некое те боцка, де бубачките па и по некоја гасеница паѓаше, хаос и посакав дома да сум у мојот кревет :oops:
 
Премногу бука околу денов, а мене ми требаше само одмор. Затоа и си останав дома, се наспав како човек, си станав без аларми и врагови, татко ми веќе подготвил риба за на скара. Си раскренав по дома зошто изминатите денови немав време за ништо. Ручавме и сега одмарам во тишината. Сфатив дека многу малку време минувам во мојот двор. Трева, зеленило, дрвја, тишина, кревет ако сакам да си легнам.......прекрасно поминат ден, треба почесто да ми е вака. А и приметив дека многу луѓе останале дома или се на работа......барем јас ја имам привилегијата да не сум на работа денес :D
 
Зошто премногу уфилмани, нафурани персони имаш овде, а?!:confused:
 
Драга, денеска си поминав убав ден, со друштво (нели 1ви мај е бе) идевме на една река тука у близина. Малце скаричка, малце винце, малце сокче и онака помина денот. Сеа на ред е да се подосадиме малце по Кајганава и после кревет (после еден доста изморувачки ден)
 
Драга, уште еден 1ви Мај позади нас искористен максимално, со луѓе кои ти значат и ги сакаш околу тебе. Времето во пролет само по себе е уметност и е жално да не се искористат планините и езерата, а уште пожално е да не се активираш физички и да го размрдаш телото.
Мојата мисија за овој ден беше обиколка на Велешкото езеро пеш, а дома како по обичај се вратив со зацрвенети образи. Вечер убаво ќе се спие. :)

Еве ти слика
100_7362 - Copy.JPG
 
Ај и јас да се пофалам за мајов,
интересен ден, немаше некои екцеси, ни останаја две пива, најважно.. нозеве ме болат ептен пошто за назад се враќавме пешки ( од лагово ), фак дис шит !
Од утре до сабота, има да окапам битола пак на нозе, и некаде за велигден можи ќе одморам..
Wish me luck.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom