Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,

Преживеав сам дома 24 часа :pos:
Ја нахранив мачката, кучето Спасе, козата. За зајчињата ме потсети сестра ми, таа се прибра дома вечерва. кокошките ќе ги хранам утре наутро. Урбан момак сум ја. Не знам со кој памет моите ме оставија сам дома со еден куп животни :)

Гледам сите споделуваат песни/видеа, па и јас да споделам едно
Спотов ради Снежана :)
Инаку си симнав цела дискографија и башка бест-оф од Рамштајн за у теретаната на брод :) И кога сум кај брод да споделам една тажна вест. Јинџу дала отказ :( Подоле ќе оставам фотка од нејзе, и верувам дека кајганџиите ќе ја разберат мојата тага.
292852_4908540921998_1161173285_n.jpg
 
Д.
не дека се фалам ама колешкиве кај мама напнаа за на која да сум и бил зет, на која дечко.......
денеска веќе трета и рекла за мене :P ти го видов синот на фб (две/три години е постара од мене) и сакам да ме запознеш со него, па можеби во иднина и снаа да ти бидам :unsure: how about noP ???
пред некој ден друга и викала: - вчера баш на ќерка ми и викам, абе оди Кики запозни се со Дарко, да видиш колку фино момче е, па и колку добра свекрва ќе си имаш :unsure: (има женава неколку пати дојдено дома па излгеда ми го фрлила пикот)
не знам дали и се умилкуваат на мама или стварно сум привлечен и харизматичен дечко :X3: а самобендисан нарцис во никој случај не сум.
само стварно ми се јаки :pos: :pos:
и плус уште една и рекла дека сака да станеле сваќи. имала таа две ќерки, една колку мене, а другата помала од мене и и рекла нека си излезат децава на кафе, нека си се зближат.....
тие пустите не знаат кај кој будала сакаат да ги пратат ќерките :sneaky: :pos: ама ако де мене ми одговара, само бројче нека земат и нека чекаат на ред :sneaky:
 
Драга Кајгана...се чувствувам како гомно,никогаш не ми било потешко ...Чао
 
Кајгано, луѓето секогаш ќе ги видат сите работи поврзани со тебе, освен оние за кои ти сметаш дека заслужуваат да бидат видени.
И после какво сушЧество бил човекот.......леле мајко, какво бил.
 
Кајгана
дојдов да се поздравам со тебе легално легално легално
не, не ми е арно арно арно
не сум легнат 3 дена по ред ред ред
и испив количина на кафе интеџер со мерна единица литри литри литри
i can hear colors
i can feel sounds
i can not poop cuz i have a hard chair
engrish over 9000
сериозно, читав од не спиење се умирало а ја па уше кафе си локам
не викам дека ќе умрам али на пат сум
NA PAT SYM EJ 555-333
223-305
akonesakas kesakas hehe
vakaar go kromonite
и то.
 
Многу сиво утро, милион бои да можам би фрлила, со кофа, со четка, што било.

Кафево ми горчи, носот ми тече, слушам The Orb и сакам да не беше петок во кој сум втора смена на работа и кога сите се спремаат за излезат, намирисани, избањани, желни и волни за шеткање, јас директ после работа треба да сум супер расположена, а не сум. И да се потрудам, ми треба време, бар неколку секвенци за тоа да заличи на човек кој не излегол од работа после 22часот.
Се искенкав, знам. И ми личи, вака во пижами и со торба подочњаци. Него, вчера во МКЦ на Милко супер си поминав. Пиво, добра музика, се запознав со Џули (колку е мал светот, а ФБ колку е најголем), ми вика - jooj, pa vidjela sam te, znala da sam ti, shta si lepa, ko neka Francuskinja! И се изгушкавме како да се знаеме милион години. Студира пеење во Скопје, и договорив кафе, откако ќе и завршат сите испити, а мене ќе ми се смири срцето. Да, светот е малечок, а Љубовта е голема, за луѓе што ќе се препознаат и останат во своето соѕвездие. Денов ми е само за читање книги. Почнав да ја читам Психологија и религија од Јунг, и ми досади, некогаш опасно знае да ме завлече теорија што не можам да ја сконтам од прва и само бегло врткам страници. Но, и покрај се’, увото ми ужива убава музика.
Мандарини за појадок, и одобрен состанок со тимот од издавачката куќа. Индог ми се понуди да ми ја дизајнира корицата на книгата. Возбуда од први размери. Тој, ми праќа љубов од далеку. Си разменуваме нежности и погледи како што технологијата дозволува. Сите единици и нули се претвораат во бескрај. Мачките веќе влегуваат во лупот наречен сексуални активности по тротоари. Сивилово ќе го обојам во нежно сино, па индиго виолетово. Да, и смената денес ми е таа боја.
Темно сино, виолетово, ко очите на Елизабет Тејлор.
И албумот е Blue album. И неговите очи прскаат фонтани синило.
А јас, јас сум горчливото кафе денес. Кафеаво гомце, пре би рекла. :confused: Ќе прснам малку жолт лимон после и мандарина во себе, да ми се вратат сончевите бои.

Ќе ми помине.
Имам што да му понудам на овој свет, иако тој не бара ништо од мене!
М.
 
Драга ...

некој ќе си го лади, а друг ќе му трча и ќе му завршува обврски. Дека јас не треба да седам да учам :mad:
 
Се ближи февруари...:mad:
Уште од сега почна да ме тресе предфевруарска нервоза и апатија...:cautious:
Февруари може само да им е убав на луѓето родени во февруари и на мачките, пошто тие имаат барем задоволство од месецот.
 
Се ближи февруари...:mad:
Уште од сега почна да ме тресе предфевруарска нервоза и апатија...:cautious:
Февруари може само да им е убав на луѓето родени во февруари и на мачките, пошто тие имаат барем задоволство од месецот.
На Mac)) му се допаѓа ова :pos:

Во меѓувреме ни преостанува уште недела дена. до плата. Until then - Баба Мулон филозофирање.
 
Пендрак дури не заигра ништо не бива :icon_lol:.

pendrak.jpg
 
Одамна ти неам пишано пошо ми стана тапа да те известувам за се што праам, бетер од Феjсбук си ма.
Аj поз.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom