Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драго мури.
Колку сум хиперактивна денес, само си потскокнувам се смешкам и тресам зелени.
И најубаво е вака :rolleyes:
 
И покрај сите недостатоци, го ценам Хомо Сапиенс...

Ама, Кајгана, некои примероци се за Shift+Delete, зашто дури и Recycle Bin ќе го заразат!!!!!

Пораснав... Товарот се зголеми. И ќе се зголемува уште повеќе.

Значи, можам уште повеќе. Добро е да се знае.

Поздрав и добра ноќ (или добро утро, како и да е).
 
леле.
денес видов како студент подмитува професор со вреќа ориз...сум слушнала за пари,услуги,да не навлегувам во интимните работи на некои студентки....ама ориз :eek: оризззззззззз бе
ми дојде наместо да платам семестар да се откажам од овој е*ан факултет
и така ми падна тешко оти се убив од учење да знаев вреќа ориз да купев поефтино ќе ме фатеше од плаќање казнени поени шо уште немам оценка кај тој шупакот:facepalm:
чао.
Луки?
Сумљив си ми...
 
Кајганче!
Вчера прво за малку ветер ќе ме оддуваше, после снегот за малку ќе ме ослепеше.Добро е што било за малку нели:icon_lol:Следново додуша, не знам колку ќе го избегнам, пошо таман оздравев, еве ја тета дое да се види со баба, кашла буфта!Се поздравив што се поздравив, и одма отрчав назад у соба за да не ме фати пак.Можда е малку некултурно од моја страна, ама па не сакам пак да се разболам и да не бидам способна за ништо...
И така ти викам Кајганче, мене денес ништо не ми се прави, немам желба.Проклетана наивност никако да ја искоренам, само ме бутка надоле колку и да и се спротиставувам.Се повеќе изгледаат бесполезни ветувањата од типот: Нареден пат ќе биде поинаку, нареден пат нема да бидеш заебана.Џабе:tapp: Ќе се затворам у соба, ќе искачам само кога морам(факс) и ќе чекам моиве мачки да ми донесат за да не умирам сама.
Е, така.
 
Луки?
Сумљив си ми...
Не планирам ни да се запишам, а оште помалко да завршам факултет. Средно Калабојско ми е доволно. :)

Кајганче,
Чера така или иначе не фанах мома, ама арно си поминах со другарите.... Големи тикви... :D
А денеска, топло чајче, мрзливо сабајленце... За мерак. :)
 
Сакам да ти кажам дека вчера ме фати снежна бура, а јас носев штикли 14см со платформа 4см и во неколку наврати ветрот се обиде да ме сруши, ама јас нели не дозволив да ме бутне, џабе ли се поправив 2кг. И така, за среќа, се помина само со неколку клизачи и малку сеир на моја сметка од некои случајни поминувачи.
Поззз
(ова ззз во поз ме потсеќа на таа играта кога удриш некој по грбот и сите присутни направат пис поздрав со раката и викаат бзззз и ти треба да погодиш кој те удрил. Хах, какви песници летаа тогаш, само гледавме што посилно да го удриме тој некој.)
 
ДК
одлична вечер, лезетска. тие што беа ќе се препознат
П.С. мери и јас ти фатив сеир :pos: кај триумфалната капија
 
Ах Хрватска, Хрватска мамето ваше усташко. Уште 10 генерации злато на ниту едно првенство да не ви видат. МАРШ ! ГОВЕДА !! :mad:
 
а затоа ли Македонија е толку задолжена,
и уште ќе се задолжува - за да враќаат и твојте внуци,
Остави им ја дипломата во наслетство -пиши ја во тестамент.
Oваа тема не е за цитирање....а и ич да не те боли за моите внуци.... ;) така да бркај работа...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom