Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Никој не може да ми крене притисок како 70 годишни професори од факс. Ми враќа вампирот меил, пази го муабетот: Каде е семинарската во меилов. Па добро бе пичкамуматеринудалиситинормаленглупеден зашто некој измислил атачмент.
Абе не реформи за овие ваквите гиљотина :facepalm:
 
Драга,

денов е малце досаден и врнежлив, а јас мражам кога врни, ми се чини дека е крај на светот тогаш, а во есен сум роден. Не битно тоа, битно е што нема што да се прави цел ден. До пред малце се занимавав низ интернетов, 300 глупости исчитав, 300 видеа изгледав но пак досадно е. Најдобро ќе биди да седнам да си ги исчитам 2ве книги што ми се почнати, "Најголемите светски мистерии" и "Калуѓерот што си го продаде своето ферари".

Друго што сакав да кажам е дека, некоја си нова песна излезе на Тоше Проески па не дека не ми се допаѓа, али стварно се дегени сите по фејзбуков бе. Секој втор ја објавил. Не само тоа, туку и се караат кој прв ја слушнал и кој прв ја објавил.

Трето што сакав да кажам е дека одлучив да се вратам на цртањето, прозата и поезијата. Добро ми идеше едно време али се откажав поради други обврски, па сега додека имам слободно време би можел да го потрошам на некое ново мое уметничко или литературно дело.

Стварно нема што да се прави луѓе.
Туку доста го тупам јас, еве ви еден мал поздрав до сите членови кои седите дома и го мразите дождов па слушнете една кратка и добра песна.


Поздрав !
 
Кајганче,
Како путка* се дотерах. Избричех војводската брада, избајнах се, свежи чаршафи си турих на кревето, свежи пиџами на перницата.
После испеглана фармерка, старо-новото дуксерче од 84та од Лос Анѓелос олимпијадата, оздоле нова маица на Металика поклон од бато и се знае зимска полицајска кожена чизма.... Луки е готов по жени да оде...

Поздрафф,
Луки ака Ебачиште :pos::pos::pos::pos::pos:


Путка = џенцка.
 
Само мене ме нервира оној спотот со Земјо Македонска што го даваат на полувреме за да не потсетува на мизерниот настап додека играат останатите репрезентации, а нашите седат дома?
 
Драга,денес глаата ми е напраена тупан со тој Тоше,Тоше....та преку тасета ако му е роденден..
 
кајги 3 години сум овде на форумов веќе уште неколку месеци четврта ама никогаш неможам што сака да каже буциов во ДК ??
no offence bro
 
Денешниот 25.01 ми беше среќен ден,датумов морав да го запишам некаде оти ваквите денови се реткост,бар во мојот живот.И не ова нема никаква врска со роденденот на Тоше.
 
Драга, каде живеам јас бе? Добро бе луѓево како можат навечер да си легнат и да спијат мирно, нели ги јаде совеста?
 
Dear K,

од кога го изгледав Les Miserables не можам да си дојдам на себе си. Сфатив дека во животот може да ти се случат поголеми несреќи од Интер. Уметност не цени никој веќе. Коњот од Кореја има милијарда и пол посети. Во меѓувреме, или предходно, еден од најдобрите светски виолинисти свирел во метро цел ден и заработил 30 долари. True story. И каде со тој памет? Постои дел од мене кој посакува некој некаде ненамерно да го стисне копчето за лансирање нуклеарка и во верижна реакција да отидеме сите у три лепе. Некогаш ми е доста од се.

Ај, се читкаме.
 
Драга,

ДАЛИ БРОЈОТ НА КОРИСНИЦИ ШТО ЈА ИМААТ ЕН ХАТАВЕЈ НА АВАТАР СО ЧЕЛЗИ ДРЕС Е ТРОЦИФРЕН ИЛИ ЧЕТИРИЦИФРЕН?
ФАЛА ПОЗЗ.
 
Од наредниов семестар ќе почнам да учам со време,ред по ред. Лажам,нема.

Туку знаеш што?! Ми вика: Еј и ја ги сакам рејдиохед,омилена песна ми е creep. Пауза и продолжува: И пинк флојд ги сакам посебно wish you were here...

and I was like.. ok,please stop.
 
.Туку знаеш што?! Ми вика: Еј и ја ги сакам рејдиохед,омилена песна ми е creep. Пауза и продолжува: И пинк флојд ги сакам посебно wish you were here...

Не ми е јасно зошто не сакаат да пробаат и нешто друго да слушнат од Рејдиохед или Флојд. Не знаат што пропуштаат. Не дека се лоши горенаведениве песни, ама многу се исфорсирани.
 
леле.
денес видов како студент подмитува професор со вреќа ориз...сум слушнала за пари,услуги,да не навлегувам во интимните работи на некои студентки....ама ориз :eek: оризззззззззз бе
ми дојде наместо да платам семестар да се откажам од овој е*ан факултет
и така ми падна тешко оти се убив од учење да знаев вреќа ориз да купев поефтино ќе ме фатеше од плаќање казнени поени шо уште немам оценка кај тој шупакот:facepalm:
чао.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom