Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ставив на игнор 15тина луѓе, и сега гледам дека темата за политика ми е сјебана вака, и нема што да влегувам во неа.
Убава работа игноров. Превод:не постоиш бре!

Ако успешно избегнувам идиоти на тв и во живо, зошто да не ми биде исто и тука? ;)
 
д...КАЈ отиде светов со техникава...сега го пробам т.с пишувам со бешична тастатура и имам да ти се пофалам и бе..ично глувче ...................кај е ова /// / ги мешам буквите ги нема некој...................................што уште нема да измислат ле..ле... уште малку че измислат и за правење деца овие новиве генерации да не се мачат како нас...туку со некое даљинско или бешично, само си порачуваш,машко со кадрава коса како комшијата.
 
2000ка пуштена у оптек, све тоа супер, сеа биди маж раситни негде притоа да не купиш нешто.Мада и да сакаш да земеш, одма теткине у маркетине ќе те убијат со поглед, дечко имаш ситно? не неам а и да имам сакам да си раситнам може, или несмее а? будала работа.
 
Ќора + прсти ќебапчиња. Има ли полоша комбинација од ова, за да протнеш конец низ игла? :jajce: Пет саати ми требаа за да потрефам, тибам државата, тибам. :icon_mrgr:
За некој саат полагам, а јас до сега си ја фарбав закачалката у соба, пошто не ми одговараше со боите на ѕидовите. :toe: Малку мириса, корне на боја, ама сеа знаеш колку е срцкаста? :oops:

Ептен си се радувам вака кога ќе погодам некој подарок. :noze: Парфем/дезодоранс ми е најклише подарок, а воедно и booooooring. :sleep: Некој кога ќе купи купка за туширање и парфем, го сфаќам ко: Дај забањај се малку де, корнеш. :ROFLMAO: Шала на страна, ама тоа речиси секогаш отпаѓа од списокот. Затоа уназад со месеци знам да си „потпрашувам“ одоколу, демек така само при разговор, па да си планирам шо-како ќе направам подоцна. Реално најглупаво прашање е: Што сакаш да ти купам за роденден? Т.е. не е толку глупаво, колку што прави незгодно да се чувствувам. Фала Богу дека нема да почнеш да набројуваш ова ми треба, она ми треба. Тоа ти е исто ко ич да не се замараш што ќе поклониш. Или па јас премногу се замарам, може и до тоа е. :D

Лани за Нова година направивме лотарија, како онаа од Friends, демек Secret Santa. И си се израдував дека најмногу се израдува личноста што јас и' го поклонив подарокот. :P А бе детска радост, глупости, ама интересно e. Башка знам да изгубам до три/четири саати дур бирам поклон и покрај тоа што сум го планирала претходно. :P Памeтам во основно, секоја година организиравме лотарија и секогаш го тинтрев подарокот, бидејќи поспецифично е, не знаеш на кого ќе му се падне. И на крај јас извлеков кроасан, па наредната година петарди. :LOL: А тоа што во живот немам запалено петарда дека ми е фуфкензи, тоа е друго, али нема везе. :X3:

Никогаш не ги сфаќав децата, што ги тераа своите родители да им купуваат подароци за нивни другарчиња. o_O Другар од основно уште ми го спомнува подарокот што му го подарив во четврто одделение! Дури и не знам колку фотографии направи со него. :ROFLMAO: Едвај чекав да добијам покана за роденден, за да смислувам подарок. :rolleyes: И да јадам торта, да бидеме реални. :D Башка на другарка мајка и' какви мини пици праеше, ааууу, глава боли. :P
Него многу замарам, идам да чепнам некоја книга. Ај, пријатно. :D
 
Драа,
Заштитниот знак на „Румор“ е врапче. Тоа симболизира глас(ина) - гласник и тесно е поврзано со традициите и верувањата во Охридскиот регион. Овој пат гласникот во Охрид слета како моден детаљ на уникатните производи на „Румор“.

Многу убо објаснето.Иначе ние ова го викаме скратено озборвење, рекла - казала и слични пикања на нос на непожелни места :)
 
raw

Се уште.
 
Две курви се караат и едната и вика на другата
- Зошто ми го зема дечкото ?
- па има добра кола..
- па твојот има добар мотор..
-Глупачо како да се возам зима е !!
Ако најдеш курва што ќе сака да се вози на мотор и во зима е таа да ја чуваш бе пријателе ..
 
Дозволи ми да ти раскажам приказна

Пригушени светла во локалниот кафиќ. Златниот даб лизга како никогаш. Низ целата зоврена атмосфера, во гужвата се среќаваат два погледа. Нема потреба од зборување, стиховите на Дадо Полумента кои одат во позадина зборуваат..
Без многу мислења, младите излегуваат и трчајќи во неговото Југо заминуваат кај него дома. Од страста се раѓа бебе.
Детето растеше, тргна на школо. Живееја во еднособен стан. Додека неговите ја гледаа 8256-тата епизода на турската серија "Кога снаата ќе проплака крв", детето стуткано во ќош читаше за планетите, универзумот..
Детето учеше,учеше и учеше. На слушалките му одеа најновите албуми на 71 годишниот Аца Лукас, чиј настап не го пропушташе ни на сон.
Студираше во Русија. Најдобар странски студент на сите времиња. На 28 години стана првиот македонец во вселената...
 
Па шознам, да ми користиш збор "провинцијалец" во 2016 година, година во која илјадници луѓе се преселуваат за подобра иднина, па би требало да си крајно закочен или испран во тиквата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom