Ќора + прсти ќебапчиња. Има ли полоша комбинација од ова, за да протнеш конец низ игла?

Пет саати ми требаа за да потрефам, тибам државата, тибам.

За некој саат полагам, а јас до сега си ја фарбав закачалката у соба, пошто не ми одговараше со боите на ѕидовите.

Малку мириса, корне на боја, ама сеа знаеш колку е срцкаста?
Ептен си се радувам вака кога ќе погодам некој подарок.

Парфем/дезодоранс ми е најклише подарок, а воедно и booooooring.

Некој кога ќе купи купка за туширање и парфем, го сфаќам ко: Дај забањај се малку де, корнеш.

Шала на страна, ама тоа речиси секогаш отпаѓа од списокот. Затоа уназад со месеци знам да си „потпрашувам“ одоколу, демек така само при разговор, па да си планирам шо-како ќе направам подоцна. Реално најглупаво прашање е: Што сакаш да ти купам за роденден? Т.е. не е толку глупаво, колку што прави незгодно да се чувствувам. Фала Богу дека нема да почнеш да набројуваш ова ми треба, она ми треба. Тоа ти е исто ко ич да не се замараш што ќе поклониш. Или па јас премногу се замарам, може и до тоа е.
Лани за Нова година направивме лотарија, како онаа од Friends, демек Secret Santa. И си се израдував дека најмногу се израдува личноста што јас и' го поклонив подарокот.

А бе детска радост, глупости, ама интересно e. Башка знам да изгубам до три/четири саати дур бирам поклон и покрај тоа што сум го планирала претходно.

Памeтам во основно, секоја година организиравме лотарија и секогаш го тинтрев подарокот, бидејќи поспецифично е, не знаеш на кого ќе му се падне. И на крај јас извлеков кроасан, па наредната година петарди.

А тоа што во живот немам запалено петарда дека ми е фуфкензи, тоа е друго, али нема везе.
Никогаш не ги сфаќав децата, што ги тераа своите родители да им купуваат подароци за нивни другарчиња.

Другар од основно уште ми го спомнува подарокот што му го подарив во четврто одделение! Дури и не знам колку фотографии направи со него.

Едвај чекав да добијам покана за роденден, за да смислувам подарок.

И да јадам торта, да бидеме реални.

Башка на другарка мајка и' какви мини пици праеше, ааууу, глава боли.

Него многу замарам, идам да чепнам некоја книга. Ај, пријатно.
