Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не ми се јасни некои форумџии што дремат на форум само за да си го продаваат егото за тоа колку (мислат дека) се паметни.
Онака не го сфаќаат форумов како место за дискусија. Дебата? Што е тоа? Зар треба он тебе да ти објаснува зошто е во право?
Еден личен хејт залепен со субјективно мислење и по некоја пцовка и терај си работа - он сеа со тебе ќе се замара ќе се објаснува да си го брани мислењето.
Пф. Нема попаметна работа.
 
Draga vremevo e znaes kako
Si naracuvas jadenje ili od kaj zlate ili od doma ili pizza od dominos simnuvas nekoe filmce od zamunda
ja vikas devojka ti da gledate filmot i si zaspivate zaedno.....
Devojkata Still in progress drugoto ima:P
 
Д.
Во гаража најдов списанија Ентер и Plugin од средното ми образование, англиските книги од основно и тетрисот што ми го купија кога како мноооогу мал бев во болница. Ах спомени...

Од тоа “не го фрлај, може ќе ни притреба за нешто“ не се влегува во гаража.

Денов иначе супер, спотивно на Џинџер јас обожавам дожд.

п.с. Ако има некој колекционер што собира списанија би му ги пратил некако, околу 10-15 се на број, слободно нека ме исконтактира, пошто планирам да ги фрлам.

п.п.с. најдов и каталог од Мобимак каде што Нокиа 3310 кошта 7999 денари, тој сигурно е постар и од тетрисот, каталогот не го давам. :icon_lol:

Едит: некаде прочитав дека пс-от се става на крај од текстот.
Едит 2.0. Фејлнав пак. :facepalm:
 
Последно уредено:
Кеј твојава друга половина, на порталов мислам станал бетер и од идивиди. Какви се овие вести бе Драга и зошто побогу би ме интересирало вакво нешто: http://kajgana.com/shaja-lebof-povtorno-uapsen-foto
А да не зборам колку други бизарни и едни исти артикли се вртат.
Да не е оној дел Бејбс никад нема да го отворам порталов. Ама некои работи едноставно од кожа ме вадат.
 
А таман веќе година дена успешно се носам со предрасудите, дури и ги истиснав, дека турбофолкот не е музика која потткинува ниски страсти и дека луѓето од село по ништо не се разликуваат од овие од град.........................................ко в кафана за обично туркање педер, за обично разминување се подзафатиле со рацете, фатија надвор се испотепаа. Aj да се степаа пример оти едниов му каснал од другиот од компирот како ми како, или оти му турил киселина во салатата, а овој ја јадел без киселина како ми како :D Ги знам децава од кое село се, фудбал сум тренирал со нив, зато и констатацијава ја вадам.

А бе турвиор турвиор, жими таквово си со заклучоците.

Рики брат не се лути, срцка си ти, за овие копуциве шо сакаат да клецнат нешто a не знаат како, пишувам.

А чупенца сами играат, се вртат, си го бараат, овие уште со финтите за мерење машкост глупаци едни :D

најдобар момент од вечерва-Дур имаше македонска традиционална музика хр хр. :icon_lol:
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
Утре пак на свадба, за две недели пак на свадба, пред три недели бев кум на свадба, не сум се пофалил за тоа, многу убави и незаборавно искуство, се на се весели времиња, ми фалат само осум тамбураши (са Петроварадина)
 
Јас дефинитивно имам проблем со алкохолот... Проблемот е шо не знам зошто го пијам, само главата ме боли, а ништо не осеќам. Добро бе како може после 10 дупли штока да не ми биде ништо? И тоа сам од шише си ги полнев чашите оти на шанкот вода ставаат нели знам како е. А ептен сум повлечен кога сум трезен па ај вака да пробам, ама не бива. Изгледа медицински алкохол ќе треба да земам...
Инаку од пред матурската имаме групен чет машките шо бевме во класот и таму се пишува постојано и ги има најголемите глупости. Верувам дека ако некој ги прочита сите пораки ќе одиме во затвор. Две сликички имам од денес за крај само. Поздрав.
0c182c6b45514562a34864dd3b7d6a21.jpg

bc51d58ada5a6f2fe414bac397f0c9cb.jpg
 
Гледам вака како тоне Македонскиов Фудбал и едно не можам да разберам... Како може Ристо Муковски со таа дебела глава да лапа 8 000 евра за 5 месеци патни трошоци од Вевчани и Силванева Бонева над 10 000 евра од Струмца... Ќе кажете како e ова поврзано со фудбалот? Па како може на Горан Пандев да не можат да му платат авионска карта и сам да си ја плаќа за да дојде да игра за репрезентација на Македонија? И не е само Горан Пандев еве и Марио Ѓуроски се жалеше на истиот проблем не му плаќале карта скапо им било од Тајланд да дојде (не дека нешто ќе смени со играта ама ајде).

Е сега зашто сум револтиран од ова? Најголемиот број на ''патриоти'' одма скокнаа со ''Репрезентацијата на Македонија е светост а Пандев не знае колку пари има и се буни за една мочана карта''. Па не станува тука збор за светост бе мочани патриоти, станува збор за професионалниот однос, за џабе ли постои ФФМ која располага со милиони во средства и која добива пари од ФИФА токму за вакви работи. Ама не за џабе античките почнаа да грујоварат и во фудбалот, па ќе тонеме, па нормално дека ќе тонеме...

Нека се јават патриотите кога ќе отиде владата на Роуд Шоу во Америка, со пари од свој џеб, пошто државата е светост...

Имаме талентериани деца само треба грујоварењето во сите сегменти на животот да престане и работите ќе се подобрат... Да му верувате на дедо...
 
Ај една дешафка од вчера кај шо урлафме од смеење :Д

Заврши ракометов, се испразни салата и ај и ние да излеземе со Фроска и Пеџа али пред искачање Пеџа спомиња дека ако врнело да си собереме рандом чадор пошо луѓе ги оставаа пред сала.
Сфе на шала тоа спомнато да се разбереме, не е Пеџа таков чоек, тоа шо тепал девојки е сосема друго.

И ај излеговме и идеме накај Бисер и глеам ја по пат еден дечко со 4 чадори и ај нема везе али една тетка од позади него му иде и му вика:
-Ејј мојот чадооооор
Типов се врти и лабаво и вика:
-Ејјјј твојот чадор

:pos::pos::pos::pos:

Му урла теткава а-у и овој и вика:
Еве ти ги и овие два земи ги, ти мислиш мене до чадори ми е?

Па маме ти ебам што си украл 4 ако не ти е до чадори:pos::pos:

Нервозно си иде теткава и му вика:
-Дечко ја туѓо не сакам али мое не давам!:boksix::boksix::boksix:

Будала и враќа со "Јас мое не давам али туѓо сакам" :pos:


Е затоа секоаш ќе си бидеме мизерни.
 
Каков дечко бе, човек во години беше тоа, 40-50 некаде, во тој интервал. Шест чадора под мишка. И после зошто ме пиздело кога ќе спомне некој, зашто на оние *стави Х нација тука* не им бараат виза за ваму, на нас ни бараат? Попаметни да не се од нас???????? Попаметни може не ама помалце сељаци дефинитивно да.

На гугл стрит вју успеале на наша улица најдебелата комшика да ја фатат, колава се поместила полево во тој дел каде што се разминуваат, е до толку е дебела.

Туку велам јака реклама на МТВ проаѓа сега, владава ќе давала бесплатно IVF за трето и четврто дете до 3 обиди :lolzz: Која е потребата од IVF ако веќе некоја имала две успешни бремености бре Тодоров дрвенаријо една, за тешкотии при прво забременување се иде на IVF. Али ок, ене глувци имаат на интерна, на пола клиники ни шприцеви нема за ако тие деца треба да се вакцинираат, битно IVF ќе спонзорираат.
 
Оо Господе дај им знак на пензионериве :lut:
Знаев дека се способни за многу работи за да фатат место во автобус ама и не дека ќе истуркаат (со можност да падне) бремена жена по скали.
 
Честит 11-ти октомври. Да не се лажеме само, борбата не продолжува. Борбата моментално е на годишен одмор, затскриена под некоја фотеља, тастатура...
Но ќе биде подобро, верувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom