Има една личност, нема да и пишам име, се „дружам“ со неа последниве неколку месеци. Личноста се гледа дека е од богата фамија со генерации наназад, значи не постои (ќе ги задавам овие Џонтра и Стефан) синдромот покондурен сељак. Образована до краен можен степен, експерт во неколку полиња а е уште во раните триесетти. Мене не ми е добро денес воопшто и еве веќе неколку часа наместо да си брка своја работа, како ми пишува континуирано да ме праша како сум, дали ми е ок, што ми рекле на лекар и слични муабети. Значи вакви ликови кои имаат бекграунд да бидат дигнати до стратосферата и се навистина ќе речеш VIP фаци по градов, седат прибрани и испаѓа човечкото од нив во секој можен сегмент од секојдневието, ги ставаш во стаклено ѕвоно и ја темелиш државата на нив. А ги има еден куп, само не добиваат никакво внимание и многу сакам да се промени тоа
Е сеа што е проблемот, проблемот е што на оваа личност кај и да е за година две ќе и здокурчи да го гледа циркусот во државава иако јасно е дека зема добри пари и ќе си фати пут под ноге накај Европа. А тука наместо да бидат ценети ваквите ликови, ќе лупаме лајкови на ФБ кај ликови што е дискутабилно како завршиле трето одделение, отци кои вртат повеќе жени у една ноќ отколку цел форум заедно и ќе читаме како некој вевчански лик зел брдо пари за патни трошкови а нема ни возачка дозвола ниту автомобил

Ама одамна не ни е друг крив, самите сме си криви, тоа што си насркал, ќе си дробиш. После ставале на Точка и на Идивиди бош статии, па ќе ставаат, се ставаат статии кои носат читаност, не кликајте, ќе ставаат статии за црвојадини и спирални и елиптични галаксии. Проста раја сме и тоа FYROM не ни е набусурено од Грција, заслужено ни е.
/Rant over