Секогаш кога трупам дрва или сечам у планина, влегувам во спотов:
И очекувам во секој момент да се појави Цеца со Rolce Royce лимузината и да ме собере, да ми го среди животот, да ми поклони ROLEX од три илјади евра и да ме земе за „спонзоруш“. 
 
Кога сме веќе кај легендарниот спот, во него балканската мегазвезда Светлана Ражнатовиќ eкс Аркан - ЦЕЦА, прави
 страотна грешка.
 
Имено, во спотот го собира овој што личи на Серхио Рамос додека имаше коса, од шума, го носи :
на бербер да го потстриже, избричи и среди, народски кажано: да 
заличи на човек.

Го носи во бутик да му купи сако и да го облече елитно.

На крај му поклонува најскап часовник и го носи на забава.
На таа забава, неименуваниов херој, со нов среден изглед, откако Цеца го остава, се зближува со една која во 
добри 99% личи на Цеца.
Со истата искача надвор на мување и тогаш ВИСТИНСКАТА Цеца отвара врата и... што да види. 
На крај лесно е да се заклучи дека дечкото всушност 
имал оштетен вид, па не успеа да ги разликува двете краткошишани црнокоси девојки, кои рака на срце, многу и личеа.
Епа драга Цецо, сама си крива! Наместо да го однесеше на бербер, во бутик и да му даваш часовник, требаше да го однесеш 
на очен лекар! Затоа си сама! 
