Кеј
Мислам дека сообраќајна култура ни треба на сите. Од пешаци, велосипедисти,возачи,скутерџии од доминос и пензионери во вторник и петок пред зелено пазарче како посебна категорија.
Ептен гадни настани се десија периодов, ама па упорно да напаѓаш без да знаеш чива кривица е, мислам дека ептен е нон сенс.
Океј е и да се подигне свест дека подобро е точак некогаш, него кола, ама па има и такви велосипедисти шо мислат дека ако се на точак одма се во предност за се.,а не ги научиле основните лекции на "семафор" во 5то одделение кога возевме на пони точак.
Ниту рака пуштаат на кривини, никаков знак не даваат дека ќе вртат, на пешачки премин можат буквално да ти го забијат предното тркало во фармерки пошто нели и тие се некои вело-пешаци, не дека можат да слезат од точак барем на пофрекфентен пешачки премин и дека ги узурпираат тротоарите, па уште кога возат во група не еден позади друг на тротоар, туку сите во ред ко на трки.
Епа како шо има улави возачи, пешаци кои се пикаат помеѓу коли за побрзо, така постојат и улави велосипедисти.
Убава акција е да се користи шо појќе точакот, ама барем нека знаат и како се користи.