Кечап CHECK, џам CHECK, лутеница CHECK, ајару следечи си ти, исто и ти туршијо. Добро е ќе може да се живее зимоска, а не како лани ништо не направивме дома и празен фрижидер без тегли цело зимо. Купечки вакви ствари не можеме да поднесеме дома, сме се навикнале на наше домачо.
И пред да заминам да ти се пофалам Драга дека партали сум направил оваа сесија, 3/3 и цела втора исчистена. Партали на книги кои фатиле пајажина под кревет. Претходната сесија толку замарање и учење за да испопаѓам и тоа на одлично совладан материјал, а оваа сесија само одиш филозофираш и трескаш глупости и на крај поминуваш. Тоа Драга, кога им викам јас на моиве дома дека професориве на лепе очи ставаат оценки они не ми веруваат. Дур ни се вработуват професори преку партии така ќе биде. На предавања ќе дрндат нешто без поента, кој сфатил сфатил, и кога ќе дојдеме на ред ние пак истото. Ние ќе дрндаме без врска они со мозокот овци ќе бројат не оти нешто слушат и послем онака од тепка ќе ти рече ти положи, а ти не.