Драга,
Поддршка за колешкава погоре, секаде има онакви "има резултати

" фаци. Смајлито пак, од нив го иам замразено. Не ми е насмеано, напротив, кога ќе го видам мислам дека се дупчи некој со мене и ми е лицемерно вкрај.
Инаку, јас почнав од пред некоја недела со замаранции за возачка. Сега ми текна, да. Некои ме прашуваа зашто сега, зашто не кога сум имала 18. Па, нејќев реално тогаш. Ми требаа пари за факултет, за кирии и секакви пропратни работи, а од друга страна немав потреба во Скопје од неа. Секако немаше од дома татко ми да ме испрати со се кола, или да му текне мене да ми купи уште една.

Некни муабетев со другарка од средно, таа пак положи тогаш, ми вика, јас дали двапати во кола иам седнато оттогаш. А често се вози по други градови со мајка и, али мајка и возела. Па тоа више не го сфаќам. Си фрлила пари на нешто кое очекуваш во иднина да ти треба, имаш и кола, ето и често се возикаш натаму наваму, значи можеш комотно да стекниш искуство и да се нарекуваш возач. Али не, нејќела. Ок. Сите се возачи зашо ги поминале тоа часовите за да положат.
Ко за некој што блага веза нема од возење и никогаш не седнал на возачкото место, мислам дека доста арно терам. Првите два часа вртев кругчиња и се акав по некои си селски патчиња, а од вчера почнав и во град да возам. Не баш у центарот, али ја начнав периферијата.

Битно јас на кружен тек сите си ги чекам ко што треба, мене никој скоро не ме чека, дури и тие позади мене што чекаат ме престигнуваат. Не е фер, Кајги.
Ме нервира овој инструкторов што ми го вика името во деминутив. Му спомнав еднаш, двапати, јок, пак по старо. И баталив, јебига. Битно уште прв час ме пофали дека правец знам да држам, ко за некој што првпат вози.
Од другите новости, папагалов е во фаза на митарење ваљда, и тоа поголема фаза. Сега ич не се ни прибира во кафез, само си лета кај ќе му текне, обично на регал стои одозгора и ќе се исчеша или ќе се протресе, и само си леткаат пердуви насекое од него. Секој втор ден сум со правосмукалка. Слатко е, опростено му е.