Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Не постои нешто појако на интернетов моментално од Poland ball :lolzz: И супер што за да го разбереш хуморот треба да имаш барем 6то одд. без врски завршено, нема фаци од Ракотинци и Дељадровце да ги преведуваат топчињата.
 
Драа

Ичера чу луд геј виц на работу.Вика биле си геј брачан пар и имале посфоено дете. Вратило се оно од школу и ги викало " Тато, тато, седнете да ви кажу нешто важно".
- Неможемо да седнемо сине:icon_mrgr:

Кажува ми га луд делчефчанац. Значи ми куманофци иамо луд дијалект, али онииииии, они су вауф.Шо думаш бе?o_O hahhaa Тј од Скопје кд е сс нас двоица у смену ке полуди, вика ке си тражу од менаџери да запослиф некој да преведуе.Гра на делчефски, боб хаха,мушка мачка или мачор, марок hahahaaa
Вика ми пред некој дн, седи сеа, ја ке го среда шанко
Ке го среда.... или четфртак:ROFLMAO:
 
Ако некому треба мотив за хорор филм,само нека прошета нис институцииве во Македонија,небитно дали е здравство,или општина.Од сабајле сум натаму наваму,време потрошив,нерви искинав,пари дадов,али работа не завршив.Значи како може да ме нема у општина за имотен,лист вика од Мвр не си префрлен:tapp:,па што кур работите цела година бе.И така како сегде така и овде,среќа најдов една позната,па утре може и ќе ми заврши работа.
 
Драга ...

до сега мислев дека скоро се ме имаат прашано кога ќе кажам дека учам на електро, ама вчера ме прашаа дали не учат да чистиме бојлери. Оооокеј
 
Не глеав Арсенал-Ливерпул заради eдна женска шо шернува верски слики налик од оние од семе синапово. И пишувам стварно си вака побожна или тролаш? Не, бе таман работа, не тролам.
Разбрав дека е од нововерците и почна линкови со цркви и здруженија да ми праќа. Па дојде муабетот за брак да ми расправа, дека според нив секс само во брак. :popce:
А таква квалитетна женска на изглед одамна неам видено, реално.

И се ќе беше у ред ако не тргна муабетот за работа.
Иде натаму муабетот, ми вика господ сакал да го работам ова што го работам, а и ја сакам. Супер, викам шо да ти речам, браво за тебе :D

И денес дознавам дека ГОСПОД, сакал да оди на пракса у државна институција :(
Ако ме засвиѓаше, спремен бев да идам по миси, да ја чекам 3-4 години до брак, да се молам секој ден, да постам, али не да бидам ВМРО :(
али изглеа господ со вемеро иде кај нас. :icon_lol:

се надевам само дека е мастер трол, али не веруем
 
Драга Кајгана,
Толку далеку, а сепак блиску. Кога човек ќе стигне до посакуваната цел, заборава на сите препреки кои му биле на патот. Се надевам дека и кај мене ќе биде така...:)
 
Муабетов:
Леле друже, хаос стана со воа бегалциве, Сиријци, Пакистанци, Црнци, упм..

Ќути брат, замисли тек каков хаос ќе настанеше ако мигрантиве беа, Швеѓанки, Норвежанки, Украинки...леле, леле...

:pos: :vozbud: :drk:
 
Драга Кајгана,
првпат пишувам овде.


Одамна не сум се пронашла во некоја слика, толку убаво да опише како се осеќам во моментот...
11953016_870594906361222_2550421681919712671_n.jpg

Баш во последно време, многу блиски ми зборуваат за тоа, последниот период сум била многу затворена. Но, немам потреба да се отворам и да "замарам луѓе со не толку битни работи". Имам пријатели на кои можам да се потпрам, и кои знам дека се и ќе бидат тука за мене.
Многу тапа период, тмурен, дека испитна. И така, утре полагам многу тежок испит, но немам концентрација да седнам да учам.
Значи не можам да сфатам една колешка, мисли ако ми даде прашања што се паднале на испит, претходната сесија, нејзините шанси за положување се намалуваат!? Знам дека ги има прашањата, ама кога ќе ја прашам НЕ, немам.
И секогаш кога ќе има резултати од некој испит, и јас ќе паднам она ќе положи, одма ми пишува..."има резултати :)". А кога е обратна ситуацијата, нигде ја нема.
Ајде сега одам да учам. И кога ќе положам на колешкава да и пишам, има резултати.;)
 
Драга,

Поддршка за колешкава погоре, секаде има онакви "има резултати :)" фаци. Смајлито пак, од нив го иам замразено. Не ми е насмеано, напротив, кога ќе го видам мислам дека се дупчи некој со мене и ми е лицемерно вкрај. :D

Инаку, јас почнав од пред некоја недела со замаранции за возачка. Сега ми текна, да. Некои ме прашуваа зашто сега, зашто не кога сум имала 18. Па, нејќев реално тогаш. Ми требаа пари за факултет, за кирии и секакви пропратни работи, а од друга страна немав потреба во Скопје од неа. Секако немаше од дома татко ми да ме испрати со се кола, или да му текне мене да ми купи уште една. :D Некни муабетев со другарка од средно, таа пак положи тогаш, ми вика, јас дали двапати во кола иам седнато оттогаш. А често се вози по други градови со мајка и, али мајка и возела. Па тоа више не го сфаќам. Си фрлила пари на нешто кое очекуваш во иднина да ти треба, имаш и кола, ето и често се возикаш натаму наваму, значи можеш комотно да стекниш искуство и да се нарекуваш возач. Али не, нејќела. Ок. Сите се возачи зашо ги поминале тоа часовите за да положат. :busi:
Ко за некој што блага веза нема од возење и никогаш не седнал на возачкото место, мислам дека доста арно терам. Првите два часа вртев кругчиња и се акав по некои си селски патчиња, а од вчера почнав и во град да возам. Не баш у центарот, али ја начнав периферијата. :D Битно јас на кружен тек сите си ги чекам ко што треба, мене никој скоро не ме чека, дури и тие позади мене што чекаат ме престигнуваат. Не е фер, Кајги. :( :D
Ме нервира овој инструкторов што ми го вика името во деминутив. Му спомнав еднаш, двапати, јок, пак по старо. И баталив, јебига. Битно уште прв час ме пофали дека правец знам да држам, ко за некој што првпат вози. :kruna:

Од другите новости, папагалов е во фаза на митарење ваљда, и тоа поголема фаза. Сега ич не се ни прибира во кафез, само си лета кај ќе му текне, обично на регал стои одозгора и ќе се исчеша или ќе се протресе, и само си леткаат пердуви насекое од него. Секој втор ден сум со правосмукалка. Слатко е, опростено му е.
 
Како да и се обратиш на мува која те замара додека сереш?

 
Најголеми дами во Прилеп станаа тие кои за 100 денари клекнуваа на колена и ти го отвараа шлицот.
 
Кајги ,

Имам да ти го кажам само ова и одам да спијам.

11948031_10204898892328218_96573590_n.jpg



Кисс цуци :backa:
 
Кајге, од пред два дена почнав некоја моја измислена диета. Чунки ми поминаа пиемеси, меси, емеммеси, есемеси и да неам на шо да се вадам. :(
Ај, со Господ напред.
Чао. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom