Драга...
... у овие доцни вечерни / утрински часеви ми падна една работа на памет и сакав да ја споделам, работа што ме иритира. Таа работа е „јас сум машко, ама се осеќам ко женско“ или обратно. Значи немам јас никаков проблем со тоа кој како се однесува, ама ич. Ми е гајле што си, сериозно. Сакај што сакаш, биди каков што ќе бидеш, толерантен сум и никад за ништо нема да замерам. И тоа не е причината зашто ми смета ова. Причината е тоа што со самото тоа што кажуваш дека си од еден пол, ама се осеќаш како да си од друг, ти задаваш стандарди за полот во кој сакаш да бидеш.
Пример. Јас сум роден машко, ти си родена женско. И ти викаш „се осеќам како машко“. Јас те прашувам зошто, а ти ми одговараш: Па сакам да пијам пиво, сакам да се билдам, сакам да гледам фудбал, сакам да се борам со раце, сакам да се тепам, сакам ова, сакам она. Добро, океј. А што ако јас сум машко, се осеќам како машко, ама не сакам ниедна од тие работи? Што демек, тоа не ме прави машко? Па пази, дури не е логично ни да бидеш привлекуван(а) од жени и за тоа да викаш дека се осеќаш како машко. Може да си машко ама да си геј, нели? Како онда било кое од овие работи те прави да се осеќаш „како машко“. Не е ова апла двоен аршин?
Или ајде да земам друг, обратен пример. Да речеме дека јас сум машко што сака да биде женско. Сакам пошто сакам да се шминкам, да идам на фризер, да носам накит и слични срања со кои се генерализираат жените. И ако има девојче што не сака да ги прави овие работи, ќе ме слушне мене и ќе рече „па што, јас тогаш не сум женско?“.
Дебилна работа ебате, се осеќал вака, се осеќал онака. Нема тука поставување стандарди. Каков си, таков си, полот ти е тој. Па ти однесувај се како сакаш, ама не ми кажувај дека се осеќаш како едно или се осеќаш како друго, каков што си така се осеќаш без разлика на полот. Мислам не ми смета мене, и јас правам типични „машки“ ствари и последен сум што би се навредил, ама не е муабетот за мене. Ако ти е поубаво, смени пол, има операции сеа за тоа, па пак однесувај си се како што сакаш. Ама не ми задавај стандарди за половите. Сите сме луѓе, сите сме различни, сите имаме различни карактери и различни интереси, без разлика на половата припадност, тоа кој пол си менува многу помалку од што мислат луѓето. Барајќи еднаквост за себе, ги правиш ненормални нормалните и без да гледаш вреѓаш дупло повеќе од тоа што сакаш да го одбраниш.
Ебате.