Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
K,
Ми го оставија денес шестгодишниот братучед на чување. Цело лето се немам смеено толку. Еден од многуте бисери:

„Дади, може ли да јадам колачиња?“
„Може, ама само две. После ручекот ќе јадеш уште.“
Излегувам на кратко до надвор. Се враќам за 10тина минути и од колачињата ни „К“.
„Па добро, нели ти реков дека смееш само две да изедеш сега?“
„Ама дади, јас не знам да бројам до два“. :toe:

На дада му е паметен целиот. Ама како да му се налути човек кога е толку снаодлив? :X3:
 
Денес имам Post Anime Depression Syndrome.
Да, глеам цртани, се приврзувам за нив.
Да не беше толку табу тука немаше да биде толку чудно.
Повеќе уметност за мене. Хех.
 
^ и братучед ми од Крушево така. Една од комшивките во Крушево го удри, по три сати појде со плачење кај баба ми: Бабо, бабо Марија ме удри пред 4 саати. Оди на лекар, некој херпес да не е.


***​
Детство
CNM5hvtWoAAOa2Y.jpg
 
Другарче ми купи од Амстердам магнет за фрижидер со курви и стриптизети по него.
Го окачив у кујна.
Чекам реакција.
Хуху!
 
Кајги,

Не знам за тебе, ама јас друже не можам да сфатам како може некои луѓе да живеат ко во свињарник дома. Ај да не си ги известил дека им идеш на гости па да не можеле да исчистат, ама ова претеризам. Бљаккк :sick:

Уште од самиот ходник кога влегуваш чорапи фрлени на сите страни, кодури такоџе измешани машка кондура со женска штикла , седуваш у дневна соба кесиња, лименки , компири пржени паднале на земја , долен веш на двоседот . Ај си викаш не мора да пиеме кафе, само ке појдам во кујна да се напијам вода. Идеш во кујна бомба паднало, тањири неизмиени , кечап се лизга на вратата од фрижидерот , нема слободно чиста чаша за вода , шпоретот гаден од зејтин и разни маснотии, на масата останале уште 2 парчиња пица во кутијата пошто порачувале да им донесат.

Ми се згади Кајги, добро е што не појдов во спална којзнае што ќе дочекав. Како бе така да се немало основна хигиена во домот !!!! Човек зараза ќе фати од што е лом.


Али празници се ближат Кајги, уште малку и таму ќе сум :zloo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom