Нормално дека ќе пишам за мигрантите, да бидам ин.
Не баш да бидам ин до душа, туку затоа што ми се дешава дежа-ву. Се надевам нема да е комплетно, па нема да се повторат последиците од 1999 година и фамозната „Косовска бегалска криза“.
Не бе, уствари не се бегалците/мигрантите тоа шо ме нервира, туку се знае - дежурните интернет активисти борци за човекови права, христијаноаетисти, хипстери, хејтери, односно се тоа што е тренд да бидеш во моментот. Е сеа некои од нив, можеби и оправдано го прават тоа, бидејќи се платени за тоа. Од сумливи финансиери на невладини организации. Драгите ДПМНЕ го отупеа со ебаниот Сорос, дека секој што мисли спротивно на нив е платеник, па сеа баш тие шо се платеници имаат дефанзивен систем.
Другата половина од тие што имаат таков став, за жал се во заблуда. Сето срање што го живееме им се има собрано, веќе не знаат кому да веруваат, пренаивни се па веруваат и на вакви пичмајзери. Иако за народ што има преживеано све лошо могуче освен пад на комета, треба да сме претпазливи.
Зашто ми се дешава дежа ву? Пошто исти курац, да ми простиш, беше и пред 16 години. И тогаш, бегалците „само повремено“ требаше да останат во Македонија. И еве, останаа повремено, 16 години веќе. Си побараа права, отворија конфликт, ни се еба мајката со проблем кој никад нема да го затвориме.
Да, во нив имаше и такви кои стварно беа загрозени и затоа пребегаа од своите домови. Но во нив имаше и багабонти кои ја искористија таа криза, за да со чудни финансиски извори после направат шашма во новата средина. Тука доаѓа она, не се сите исти, епа не се, никој не вика дека се, ама што мајка ви го негирате фактот дека меѓу нив има опасни дебили за општеството?
И тогаш а и сега, најголеми експерти беа оние кои немаа допирна точка со ситуацијата. И тогаш имаше неверување кон жалењата од локалното население кое директно ги трпеше последиците. И тогаш проклетото македонче попрво му веруваше на друг, него на својот.
Тогаш, искрено најпичлази беа Скопјанишчата. Па идеше муабет: Абе не јади трици, преувеличувате, ги избркале од онаму горе, нормално дека ќе бегаат. Плус, не јадат од ваша храна, Американците им плаќаат. Ќе помине и ќе заминат.
Помина, не заминаа, and guess what, кој најмногу трпи од тоа? Да, Скопје и неговите жители. Другите се помирија.
Сега пак е дежа ву. Пак има такви на кои им ги ебаа домовите и мораа да бегаат, има мирни луѓе кои сакаат да одат у добра општествена средина. Ама има и проклети терористи меѓу нив, кои фркава сакаат да ја искористат за друго.
Но да се навратиме на овие што се поголемиот проблем - „авангардата“. Истите тие споредуваат македонски исселеник каде било во Европа со мигрантиве. Абе со која ебена логика можеш да го споредиш тоа? Ја ако идам у Шведска, правам неред низ Хрватска, Словенија, Германија итн дури стигнам таму? Малтретирам девојчиња, ширам зарази, предизвикувам немири? Не.
Едноставно не можеш да споредиш некој од тука, со некој што заминува од факинг воена состојба бе. Стереотипите не паднале од небо, настанале ради тоа што има вистина во нив. А кога сме веќе кај стереотипи, овие демек најлибералниве први лепат етикети ако не се слагаш со нивното. Па си неофашист, националист, заостанат итн... Да, сигурно сум заостанат затоа што сакам да живеам безбедно.
Да не го споменуваме пак сосема релевантното прашање, зошто Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и другите држави од тој блок кои имаат 2/3 ненаселена земја а доволно пари за да направат населби, не ги земаат мигрантиве при себе. Пак дежа ву. Како што Албанија не ги земаше Косоварите кога беше срањето тука, така и ова.
Реалноста е дека никој не ги сака, ама ај ние сме најлошите, срамота било што државата не ги примала. Мразм теории на заговор, ама ова е далеку од тоа. Ова е чисто геополитичко искористување на шанса, за населување на сумливи ликови ширум Европа, еве кроз бегалците да упикаме и наши ретардирани испрани мозоци. Кој ќе го изеде? Секако дека ќе го изедат маливе и неспособни држави ко нашата, кои немаат моќ да бидат големи играчи.
Ама ќе се накотат и во ЕУ земјите, па кога ќе се деси овој лик да стане бомбаш самоубиец во Германија, ќе видам како тогаш дебиливе наши ќе ги споредуваат Македонците кои се таму, со овие од пичмајчин што идат сега.
Али кому да докажеш во времево на погрешни идеали и трендови.